Проекти
Објавено на декември 1st, 2015 | од admin
0„5. Тренинг за идни амбасадори на претприемништво”
Финансиран од: Ерасмус + КА 1
Период на реализација: 01.06.2015 – 01.10.2016
Организатор: LIFOS Youth Group – Kaysery, Turkey
Реализатор: ЦЕФЕ Македонија.
Цел: создавање на компетентни тренери и лидери да бидат лиценцирани тренери за претприемништво користејќи ја светски познатата ЦЕФЕ методологија.
Посебни цели:
- Зголемување на компетентноста на учесниците за примена на ЦЕФЕ методологијата.
- Доближување на новите алатки и вежби на методата и развој на способностн за креирање на нови вежби и програми за обука.
- Набљудување и сетификација на учесниците за да станат лиценцирани ЦЕФЕ тренери кои ќе работат на национално и меѓународно ниво.
- Зајакнување на капацитетите на организациите во процесот на преземање активности за справување со растечката невработеност на младите, подигнување на нивните капацитети за реализирање на обуки за претприемништво, генерирање приходи и отворање врати за нови меѓунаросдни соработки на слични теми.
- Зајакнување на мрежата на ЦЕФЕ организациите низ Европа и земјите партнери.
- Изградба на заеднички идеи и проекти за мултиплицирање на настани.