Вести

Објавено на јули 21st, 2020 | од admin

0

Онлајн состанок со партнерите на ZEUS

На 17.07.2020 година, партнерските организации во рамките на проектот Erasmus+ KA2 Strategic Partnership in the field of VET `Zooming Expressions Unitary Study” (Еразмус + КА2 Стратешко партнерство од областа на стручно образование и „Унитарна студија за зумирање на изрази“) одржаа онлајн состанок за усогласување на активностите и визијата на проектот според состојбата со пандемијата со цел да се зголеми влијанието на резултатите од самиот проект.

Домаќин на онлајн состанокот беше организацијата Trainifique – Романија која е координатор на проектот, со учество на организациите: Инфор Елеа – Италија, ЦЕФЕ Македонија и Соларис – Германија.

Партнерите остануваат посветени на севкупната цел на проектот, да развијат специфични компетенции на обучувачи за тоа како тие треба да дејствуваат, да предаваат и обучуваат на невро-лингвистички начин и како можат да ги подобрат своите знаења и да стекнат самодоверба преку дигитални вежби кои имитираат реалност.

Проектот главно ќе влијае на обучувачите од областа на стручното образование и обуките во Романија, Македонија, Германија и Италија во периодот од 01 декември 2019 година – 30 ноември 2021 година. Во втората фаза од проектот, конзорциумот предвидува резултатите да влијаат на обучувачите од целиот свет.

Во следниот краткорочен период, ова стратешко партнерство ќе работи на конкретни цели:

  • Управување на тимот и правење истражување како прв дел од креирањето на научната книга за обучувачи „Мимика“.
  • Организирање на партнерите и експертски состанок во Германија во септември 2020 година.

Ги покануваме сите заинтересирани страни кои се занимаваат со зајакнување на обучувачите и едукаторите од областа на стручно образование и обуките да не контактираат на info@cefe.mk за да го зголемат влијанието на овој проект.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑