Вести

Објавено на април 19th, 2018 | од admin

0

Како еден онлајн курс помогна да се развива претприемништвото во светот?

This post is also available in: English

Еден Масивен Отворен Онлајн Курс, кој што ја прикажуваше приказната на Кливленд, Охајо, како тамошните економски и политички водачи креираа мерки за да ги поттикнат и задржат младите таленти и бизниси во државата, а да не им побегнат во Силиконската Долина, креира масивно движење за развој на претприемачите во целиот свет.

Онлајн курсот Beyond Silicon Valley, кој што е произведен во Case Western Reserve University и е предаван од професорот Мајкл Голдберг привлече 135.000 студенти од 190 земји од целиот свет! Ефектите кои што ги предизвика овој курс на глобално ниво се документирани и во книга, напишана од професор Мајкл Голдберг.

Книгата Beyond Silicon Valley: How One Online Course Helped Support Global Entrepreneurs раскажува 20 приказни на 20 личности кои придонесоа да се развива претприемништвото во различни региони во светот, кои што се многу поразлични од Силиконската Долина. Региони кои што се соочуваат со економски тешкотии, политички нестабилности, воени кризи, корупција или пак културолошка аверзија кон претприемачите.

ЦЕФЕ Македонија и ЦЕФЕ Методологијата се меѓу 20 те приказни во книгата, опишани и документирани како:

  • вмрежувачи на економските актери во државата;
  • поттикнувачи на соработки помеѓу различните сектори во Македонија за развој на претприемачите и поттикнување на меѓународни проекти за економски развој;
  • мотиватори за многу млади луѓе да почнат да го гледаат и разбираат претприемништвото како можна кариера за личен и професионален развој.

Преку активностите на Јован Сталевски, Елена Стојановска, Наташа Чавдаровска и Искра Трајковска, и поддршката од Амбасадата на САД во Македонија, беше произведена и Македонската приказна за развој на претприемништвото во форма на онлајн курс. Токму тој онлајн курс и бизнис средбите кои што се организираа во преку 10 градови во Македонија придонесоа да се опфатат преку 500 луѓе на настаните, преку 3000 гледања на ЈуТјуб, прикажувани до преку 300.000 жители преку ТЕРА Телевизија, како и пренесени од национални и интернационални медиуми.

Како што покажуваат и истражувањата направени од професорот Голдберг, преку 25% од сите студенти на онлајн курсот се охрабрија да соработуваат со граѓански организации за развој на претприемачките екосистеми во нивните региони, а 17% креираа значајна соработка меѓу нивните граѓански организации со други државни или приватни субјекти (училишта, факултети, јавни установи, компании).

Ние од ЦЕФЕ Македонија сме горди што сме дел од оваа глобална приказна на поврзување на претприемачите и слободно можеме да кажеме дека “каде политиката раздвојува, претприемништвото обединува”.

Книгата Beyond Silicon Valley: How One Online Course Helped Support Global Entrepreneurs е достапна за слободно превземање во ПДФ формат на  www.beyondsiliconvalleybook.com (Киндле верзија заедно со печатена верзија наскоро ќе биде достапна и на Амазон).

Производството на оваа книга, која мора да ја прочита секој што се занимава со поддршка на претприемништвото, е овозможено со паричен грант од Фондацијата Burton D. Morgan Foundation.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑