ЦЕФЕ обучувачите подготвуваат невработени лица за самовработување

Во периодот јуни – јули 2023 година, обучувачи кои поседуват и сертификација од ЦЕФЕ Македонија (Елена Гагачева, Јован Сталевски, Ѓорѓи Милушев, Марија Манева и Катерина Кимовска Геровска) беа дел од тимот на обучувачи на УНДП во Македонија, да обучат и подготват невработени лица да станат претприемачи и да се самовработат.

Нашите обучувачи реализираа преку 15 обуки во Пелагонискиот, Крушевскиот, Штипскиот и Струмичкиот регион, за преку 150 учесници. 

Обуките беа организирани и се одвиваа во центрите за вработување на Македонија заедно со УНДП. Програмата за самовработување функционира повеќе од една деценија, се покажа како една од најуспешните програми за отварање на бизниси и креирање на работни места, и до сега, преку неа се имаат отворено преку 10.000 нови бизниси во цела Македонија.