ЦЕФЕ Македонија реализираше тим билдинг и стратешка пазарна симулација за ИУТЕ Македонија

Сподели

ЦЕФЕ Македонија успешно реализираше интерактивен тим билдинг и стратешка пазарна симулација за тимот на ИУТЕ Македонија, во која учествуваа вработени од филијалите и извршните канцеларии.

Обуката беше спроведена преку ЦЕФЕ искуствената методологија, која овозможува учесниците да учат преку реални ситуации, донесување одлуки и анализа на резултатите. Наместо класични предавања, тимовите работеа на практични предизвици кои бараа стратешко размислување, соработка и заедничко креирање решенија.

Во рамките на пазарната симулација, учесниците се фокусираа на:

  • развој на тимска координација и меѓусебна комуникација,
  • анализа на пазарните можности,
  • препознавање на неискористен потенцијал,
  • креирање идеи за вкрстена продажба,
  • подобро разбирање на потребите и однесувањето на клиентите.

Активностите уште еднаш потврдија дека најдобрите резултати се постигнуваат кога тимската работа е поддржана со јасна стратегија, споделена визија и ефективна соработка меѓу различните организациски единици.

Преку вакви интерактивни процеси, CEFE методологијата не само што ги зајакнува индивидуалните компетенции, туку придонесува и за развој на организациска култура заснована на доверба, иновација и заедничко учење.

Им благодариме на ИУТЕ Македонија за довербата, професионалноста и активното учество во процесот. Секое партнерство кое инвестира во развојот на луѓето е чекор кон посилни тимови и поуспешни организации.