ЦЕФЕ Македонија и Ротари клуб Кочани официјално потпишаа меморандум за соработка

Сподели

ЦЕФЕ Македонија и Ротари клуб Кочани официјално потпишаа меморандум за соработка, со кој започнува ново партнерство насочено кон поддршка на младите и локалниот економски развој.

Како дел од оваа соработка, на 3 и 4 април 2026 година во Феникс центарот во Кочани успешно се реализираше обука за интензивни бизнис вештини за млади, каде учесниците имаа можност да стекнат практични знаења и алатки за развој на сопствени идеи и претприемачки иницијативи.

Меморандумот предвидува долгорочна соработка насочена кон:


– Поттикнување на претприемачкиот дух кај младите
– Развој и зајакнување на бизнис секторот во Кочани и Виница
– Реализација на заеднички проекти и иницијативи
– Заеднички настап на програми во интерес на економскиот развој на регионот

Ова партнерство претставува важен чекор кон создавање на поактивна, иновативна и економски развиена локална заедница.