ЦЕФЕ Македонија и Охрид Тек Сити потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на претприемништвото, иновациите и развојот на екосистемот во Македонија.
ЦЕФЕ Македонија, како организација која повеќе од две децении работи на развој на претприемачки и лидерски компетенции преку искуствено учење, и Охрид Тек Сити, како заедница која ги поврзува стартапите, технолошките компании и иноваторите, ќе работат заеднички на креирање нови можности за едукација, вмрежување и поддршка.
Преку ова партнерство се отвора простор за заеднички иницијативи, програми и активности насочени кон млади, стартап тимови и претприемачи, со цел поттикнување одржлив раст, иновации и долгорочен развој.

