Учењето е знаење – знаењето е корисен ресурс

На 6 и 7 јуни 2023 во Роуга, Естонија се одржа завршна интернационална конференција за проектот “Self-directed learning competencies for NEET youth“. 

Овој проект е кофинансиран од Еразмус+ програмата и Естонската агенција за европски едукативни програми, со што соедини организации и млади лица од Турција, Естонија, Малта и Македонија во траење од 18 месеци.

Тимот од Македонија кој присуствуваа на конференцијата во Естонија, значително придонесе за успешно креирање и спроведување на резултатите во Македонија но и на Европско ниво. 

Елена Гагачева ја модерираше и водеше конференцијата, при што сподели и нејзино искуство од креирање на тренинг материјали и работење со млади луѓе. 

Валентина Тодороска и Борјан Исајловски како ментори и координатор на проектот споделија искуства од работењето со младите луѓе но и од добивките што тие професионално ги стекнаа, преку фасилитирање на работилници, менторирање на млади луѓе за кариера и едукација, справување со конфликтни и емоционални ситуации но и интернационална димензија на работењето. 

Маја Давкова како соработничка на проектот ги промовира методите на себенасочено учење до своите колеги и ученици за да се надоградуваат и едуцираат. 

Јован Сталевски се осврна на препознавањето и негувањето на учењето кај претприемачите, како една од најважните карактеристики за професионален раст и развој. 

Сандра Смиљкова и Александра Томан споделија свое искуство од учество на кампот за млади лице кој 14 дена се одржуваше во Струга во декември 2023 година, и како ги поттикна да размислуваат и направат план за кариерата што сакаат да ја градат.

Останатите интернационални говорници се осврнаа на исксутвеното учење како влијае на поттикнувањето да учиме, како емоционалната интелигенција и менталното здравје влијаат на учењето, како и зошто младинската работа и проектите на Еразмус+ се одлична можност за младите да останат во едукација и да се мотивираат за да градат кариера.

Севкупно, овој проект, креираше методологија за развој и поддршка на младите луѓе да изградат вештини како да се поттикнуваат да учат а со тоа и да ги остварат своите цели. Оваа методологија беше и научно потврдена преку истражувања и мониторирања на контролирани групи на млади под менторство и водство на истражувач Керли Коив од Универзитет во Тарту, Естонија и истражувачи од Македонија, Турција и Малта.

Овој проект направи конкретни програми за работа со млади кои не се во образование и кои не се вработени, како и материјали за стекнување на вештини за да се поттикнат самите да учат и може да бидат достапни и за вас. 

Ве покануваме на конференцијата за претприемништво на 26.06.2024 година во Јавна Соба Скопје да ви ги презентираме и да ви ги дадеме програмите за работа. 

Пријавете се на конференцијата до 20 јуни на следниот линк https://bit.ly/45u1JnB

Прочитајте повеќе за конференцијата и што се вашите добивки на овој линк https://bit.ly/3KGeK40