Учество на ЦЕФЕ во проект со аудио записи за прептриемаштвото

ЦЕФЕ продолжува со нови интересни последователни активности на проектот “Зошто да одите во странство, кога може да останете и да инвестирате во вашата држава“. На 17-ти Декември како дел од аудио проектот на проф. Michael Goldberg од Case Western University Ohio тимот на ЦЕФЕ учествуваше во снимање на аудио записи за импактот од следењето на онлајн курсот: “Beyond Silicon Valley-Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies”.

 

Целта на овие аудио записи (podcasts) е да понудат интересна приказна за претприемаштвото во Македонија, односно како тимот на ЦЕФЕ преку следењето на гореспоменатиот онлајн курс дојде до идеја за сличен проект во Македонија, како се развиваше идејата за проектот, кој беше импактот од истиот, соработката со Проф. Goldberg, стана збор и за еден од примерите на успешна соработка во рамките на проектот: “Инвестирај“-програмерската компанија ISource. Владимир Робевски, менаџерот во ISource ја раскажа својата перспектива како проектот “Инвестирај“ им помогна во проширување на хоризонтите за развој на фирмата.

 

На овој начин, како успешен пример од Македонија, ЦЕФЕ ја раскажува својата приказна за успесите и позитивните искуства од проектот “Инвестирај“ пред аудиоторум од целиот свет.