Од 19 до 22 ноември 2024 година, во Кабале, Уганда, се реализира уште една обука за бизнис вештини според познатата ЦЕФЕ методологија. Предводена од сертифицираниот ЦЕФЕ обучувач Џералд Аребахона, обуката овозможи 15 девојки и 2 момчина од стручното училиште „Ворк Уганда“ да ги усвојат основните претприемачки вештини и да развијат иновативни концепти за нивните бизнис идеи.
Обуката се одвиваше во тренинг центарот на организацијата „Прауд Уганда“, во Кабале, благодарение на соработката меѓу организациите и училиштата.
Учесниците го искажаа своето максимално задоволство преку дневни и финални оценки на обуката. А ова се дел од коментарите:
„Методологијата беше доста забавна и научив многу за да размислам за свој бизнис“
„Начинот на работа беше толку различен од секојдневните предавања, и се прашувам зошто до сега не не учеле вака и во училиште“
Во текот на обуката, учесниците успешно ги поминаа модулите за бизнис идеја, поставување цели, маркетинг, производство, финансии и организација. Преку овие теми, тие стекнаа важни знаења и алатки кои ќе им помогнат во развивањето и управувањето со сопствените бизниси.
Оваа обука е дел од пошироката иницијатива на ЦЕФЕ Македонија за промовирање на претприемачката култура во Уганда, со визија да се поттикнат младите на економски развој и одржлив напредок. Следните обуки се планирани за ноември и декември 2024 година, продолжувајќи ја мисијата за создавање можности и посветла иднина за младите во овој регион.











