На 13 и 14 декември, во Скопје, тренерите на ЦЕФЕ Македонија реализираа дводневна интензивна обука за претприемништво. Обуката беше наменета за млади претприемачи – луѓе кои се „млади“ во бизнисот или планираат да започнат сопствен приватен бизнис.
Поради специфичноста на методологијата, обуката беше со ограничен број места. ЦЕФЕ методологијата ги води учесниците низ процес на учење преку искуство: целата програма е интерактивна, со симулации на реални пазарни активности, од кои природно произлегуваат научените лекции и практични заклучоци.
На обуката учествуваа млади од различни градови низ Македонија, а групата се пополни во рекордно краток рок, што уште еднаш ја потврдува потребата од ваков тип практични претприемнички обуки.
Поттикнати од големиот интерес и позитивните реакции, во текот на следната година ќе продолжиме со организирање слични интензивни програми, преку кои секој учесник ќе може да стекне конкретни, применливи вештини за успешно навлегување во претприемништвото.
Следете нè за да не ги пропуштите следните термини – бројот на места на секоја обука ќе остане ограничен, со цел да обезбедиме квалитетна и интерактивна работа со групата.

























