Развој на претприемништвото во транзиционите економии – Македонската приказна

Насловот на статијата е името на фасилитираниот курс кој се одржува во Американското Катче -Битола од 23ти јули до 17ти август 2015. Содржината и материјалите од курсот се претставени на http://bit.ly/BSVonlinecourse.

Патот по кој што претприемачите мораат да поминат, за да ги развијат своите компании, не секаде во светот е ист и лесен. Повеќето пазари во светот не наликуваат на Силиконската Долина, и никогаш нема да бидат. Но постојат многу други модели за поддршка на бизнисите. Во транзиционите економии, како Македонија (каде претприемачкиот екосистем е сеуште во зародиш), јавните државни институции, заедно со донаторите и останатите бизниси експериментираат со креативни пристапи за да го поддржат развојот на компании.

Во текот на овој курс ќе се запознаете со пристапот и поддршката што се нуди на Македонските претприемачи. Курсот ќе се состои од 6 фасилитирани сесии (23, 27 и 30 јули, 10, 13 и 17 август – сите со почеток од 18 часот).

Овој курс е бесплатен и отворен за сите, и вклучува серија на интересни видео интервјуа и разговори со претприемачи од различни делови на земјата, основачи, лидери како и деловни експерти. На крај од секое видео ќе дискутираме и ќе презентираме информации од искуството на фасилитаторите Јован Сталевски и Елена Стојановска, како и групата на учесници. Ќе учиме и преку пишување на есеи и квизови на темите од курсот.

Ќе научите за потеклото на претпримништвото и таа култура на овие простори, ќе увидите како во изминатите години, преку државните фондови, беа креирани и спроведени големи програми за поддршка и креирање на вработувања преку самовработување и советување. Ќе запознаете претприемачи кои ризикувале и успеале да искористат ресурси од тие фондови и ги развиле своите компании, и сега го споделуваат своето исксуство со вас. Ќе се запознаете со компании од информатичката технологија до земјоделци кои се соочуваат со истите предизвици и успеси и кои направиле македонски и светски брендови. Исто така многу професионалци од областа на претприемништвото ќе го споделат своето искуство и совети за идните претприемачи преку нивни приказни од профеионалниот и реалниот живот.

Повеќето масивни отвоени онајн курсеви презентираат предавања од професори, но овој курс е сосем различен. Не очекувајте дека ќе гледате професори или еден човек кој ќе врти слајдови на презентација и ќе зборува половина час. Говорниците ќе имаат кратки говори на одредерна тема и тоа ќе биде обично нивно искуство, на разбирлив јазик, и повеќе може да ви се чини како да гледате поучен и интерактивен докуемнтарен филм отколку да следите предавање. На крај од курсот учесниците ќе се здобијат со сертификат од ЦЕФЕ Македонија.

За сите заинтересирани кои сакаат да се приклучат на курсот ве молиме обратете се до фасилитаторите: Јован Сталевски j.stalevski@cefe.mk и Елена Стојановска elenafamis@gmail.com

Доколку сакате да ги проширите вашите хоризонсти и надвор од Македонија, ви препорачуваме да се регистрирате и на масивниот отоворен онлајн курс на Курсера и да научите за претприемачкиот екосистем и во Грција, Охајо – САД, како и други региони во светот. Горди сме да додадеме дека за прв пат, еден масивен отворен онлајн курс (MOOC) на платформата Coursera ќе биде зајакната и со содржина наменета за македонската публика.

Видеата во овој онлајн курс се произведени како дел од проектот “Зошто да одите во странство, кога можете да останете и да инвестирате (развивате) во вашата земја” а се инспирирани и дизајнирани според стандардите од големиот отворен онлајн курс предводен од професор д-р Мајкл Голдберг од Case Western Reserve University “Beyond Silicon Valley: Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies”.

[Best_Wordpress_Gallery id=”2″ gal_title=”Makedonskata-prikazna”]