Проектни идеи за јакнење на претприемништвото

Сподели

Тимот на ЦЕФЕ е полн со нови идеи во вториот квартал на 2016 година. Како резултат на нашите постојани напори да создаваме нови генерации на претприемачи, ние секогаш се трудиме да одиме заедно со вашите потреби и предизвиците со кои се соочувате.

Во овој поглед, тимот на ЦЕФЕ Македонија започна со брзо темпо. Ние соработуваме со голем број домашни и меѓународни организации и извршивме мапирање на потребите на луѓето за кои постоиме. Тие потреби во претприемачкиот екосистем ги претворивме во  проектни идеи за кои можете да прочитате повеќе подолу во текстот. Во исто време, ние Ве покануваме да ни дадете ваши предлози, повратни информации – заедно да продолжиме со нашата соработка во иднина.

Што сакаме да се постигне со новите проекти кои се поднесени за финансирање во текот на овој квартал?

  • Зголемување на можности за младинско вработување – Предлог проектот за зајакнување на повеќе актери – мултипликатори кои работат во областа на вработувањето. Ќе биде обука за обучувачи за меки вештини. Партнерство со нашите турски соработници од Хоризонт група млади луѓе.

 

  • Вредности за глобално влијание преку социјално претприемништво – Проект за давање на напредни знаења и вештини на младите луѓе да научат за модели на социјално претприемништво и бенефиции од тоа. Партнерство со ЦЕФЕ Кајсери младинска група.

 

  • Нови генерации на претприемачи – Нашата иницијатива на проектот “Инвестирај“ прерасна во проект за Пан Европски масивен онлјан курс со студии на случај за претприемачките еко системи во Шпанија, Турција, Италија, Литванија, Бугарија, Македонија и ЕУ генерално. (ЕУ Еразмус плус фонд, К2)

 

  • Активен Претприемачки екосистемот (AEES) – Наша цел е да се промовира дијалог и соработка меѓу невладините организации и граѓанските организации, како и за подобрување на ефикасноста на организациите на граѓанското општество во промовирањето на здрава еко-систем за бизнис и социјални претприемачи.