Преку 400 претприемачи на лидерскиот семинар во Скопје

Кога нешто е поврзано со развој на претприемачите, ЦЕФЕ Македонија зема активно учество.

Членови на ЦЕФЕ Македонија, Зоран Витанов заеднички со Лајонес мрежата на потрошувачи и трговци, успешно го организираа лидерскиот семинар кој имаше за цел да ги зацврсти лидерските способности на претприемачите. На семинарот учествуваа преку 400 претприемачи од цела Македонија кои се здобија со знаења за:

  • улогата на психологијата во бзинисот – стравот како пречка за успех,
  • важноста на проактивноста и продуктивноста во превземањето на акција,
  • значењето на информациите во бизнис комуникацијата,
  • практични приказни на успешни визионери и лидери кои користат технолошки напредни маркетинг алатки за развој на бизнисот,
  • поттикнувањето на филантропијата и општествената одговорност на компаниите во развој на општествата во кои делуваат,
  • бизнис можностите кои се на располагање преку Лајонес заедницата на потрошувачи и трговци.

За овој настан да биде успешен како што беше придонесоа следните спикери и обучувачи:

  • Радован Витошевич, Менаерски директор на Лајонес ДООЕЛ
  • Марина Анчевска, НЛП тренер, Основач на НЛП Центарот за Бизнис Психологија, Професионален тренер, лајфстајл тренер и јога инструктор
  • Леонард Каја, Тренер во мобилен оператор/корисничка услуга Тема: Важноста на информацијата
  • Александра Стоилковска, Декан на Факултетот за Претприемаштво при Универзитетот за Туризам и Менаџмент
  • Абдурахман Алили, Претприемач
  • Игор Климпер, Магистер на: Институтот за политехнички студии во Париз и поранешен Генерален Секретар на ФФМ
  • Артим Нагавчи, Претпримеач и јуниор амбасадор во Лајонес
  • Дичо Мизовски, Претприемач
  • Сем Вакнин, автор на светскиот бестселер: “Малигна самобендисаност-нарцисизам повторно посетен” Тема на предавањето: Менаџмент на страв,
  • Зоран Витанов, Бизнис консултант и тренер, основач на ЦЕФЕ Македонија

 

На семинарот беше организирана и наградна игра во која беа поделени околу 200 награди во вредност од преку 4000 евра. ЦЕФЕ Македонија додели 4 ваучери за бесплатно учество на обуки организирани од нас во Македонија и странство.

Останати спонзори на наградниот фонд беа: Еликсир Ексклузив Парфимерии, Екстрим Фит, ТНТ ИТ Маркет, Голд Мун аптеки, Здружение на возачи Скопје, Волфорд, Бализа, Мој Маркет Прилеп, Комбуха Живанов, Лјоки Комерц, Трејд книжарници Струмица, Монтерекс Струмица, Дион Ресторан, Вал Прилеп, Пјур Кафе Велес, Гарден Лимитлес, Риверсовт Струмица, ПЗУ Жан Струмица, Сарадент Тетово, Лаунџ Бар Еве, Слим Лајн Клуб, Биросеф Струмица Киоск 23 Струмица, Македонија Сообраќај, Гама Оил, Мотоцентар Груп, ФБ Компани, Кирјана Кавадарци.