Потпишан меморандум за соработка со Факултетот за туризам и бизнис логистика

Во просториите на Факултетот за туризам и бизнис логистика во Скопје, беше потпишан меморандум за соработка меѓу претседателот на ЦЕФЕ Македонија, Јован Сталевски, и деканката на Факултетот за туризам и бизнис логистика, проф. д-р Татјана Бошков.

Меѓусебната соработка на потписниците ќе се реализира во различни домени преку проектот „Зајакнување на претприемачките способности на учениците во стручните образовни институции“. Станува збор за проект поддржан од Еразмус+ програмата за едукација и мобилност на Европската Комисија, а учество во проектот од редот на професорите ќе земе доц. д-р Христина Серафимовска.

Главната цел на проектот е да придонесе во инвентивноста на образовните методи во стручното образование во Турција, Македонија и Естонија преку јакнење на меките вештини и претприемачките компетенции на практикантите и студентите преку обуки, работилници, размена на добри практики меѓу државите, како и изработка на нови едукативни материјали.

Проектот носи придобивки за студентите, како што се: подобрување и стекнување на меки вештини и претприемачки компетенции, учество на интернационални работилници, подобрување на јазичните способности, анализа и изработка на бизнис идеи, вмрежување со претприемачи, можност за финансирање на нивните идеи и сл. Додека стручните училишта, факултетите и нивните вработени ќе се стекнат со вештини за развој на искуствено учење и креирање на компетентни претприемачи, развојна програма за градење на претприемачки способности кај практикантите и студенти, интернационално искуство на наставниот кадар, подобрување на едукаторските и обучувачки способности, вмрежување со институции, бизниси и органзиации од Европа, алатки за оценување на способноста на учениците за претприемачки вештини и сл.

Главен координатор на проектот е Фондацијата МЕСВАК од Анкара, Турција, која веќе 20 години ги поддржува претприемачите од стручните училишта со цел економски развој на Турција. Од Македонија, партнер на проектот е ЦЕФЕ Македонија, а со овој меморандум за соработка, Факултетот за туризам и бизнис логистика станува дел од тимот на проектот. Останати партнери на проектот се: Развојниот центар на Вору регионот од Естонија (соработник на централната и локалната власт на Естонија за систематски развој и поддршка на млади претприемачи во Естонија) и Директоратот на Национална Едукација од Анкара (АДНЕ) (втора најголема институција за образование после министерството за образование на Турција која ги извршува сите активности во основното и средното образование, вклучително и стручното образвоание.