Обуки за користење на виртуелни технологии во едукација во туризмот

Проектот ВИРТУАЛ (Vocational Innovation Renewing Tourism Advanced Learning), во кој ЦЕФЕ Македонија е партнер, заедно со експертски организации од Италија, Косово и Албанија, ќе овозможи обука за 50 обучувачи за начините на користење на виртуелните технологии при едукација на стручен кадар во туристичкиот сектор.

Оваа можност партнерите ја договорија и организираа на состанок кој се одржа на 3 и 4 јуни 2024 година во Скопје, во организација на ЦЕФЕ Македонија.

Обуките за обучувачи ќе ги спроведуваат експерти и академици од Универзитетот за Бизнис Технологии (UBT) Косово, а ќе се одвиваат во втората недела од септември 2024 во Европскиот Универзитет Тирана, Албанија.

Покрај оваа мобилност за едукаторите во областа на туризмот, партнерите договорија и мобилност за 40 ученици од средните стручни училиште од Албанија, Косово и Македонија да ја искусат моќта на едукацијата преку виртуелните технологии на настан кој ќе се одржи во УБТ Косово во почеток на Октомври 2024 година.

За овие мобилности да бидат реалност партнерите заеднички работеа на истражување на потребите на туристичкиот сектор од обука и едукација од што произлегоа:

Согледувањето на потребите од вештини и компетенции доведоа до производство на иновативни едукативни материјали кои ќе бидат употребени на погоре споменатите обуки за обучувачи и обука на ученици. 

За сите заинтересирани за учество за овие неповторливи можности може да не контактирате на info@cefe.mk 

ЦЕФЕ Македонија и партнерите во проектот ВИРТУАЛ упатуваат и благодарност до Граѓанскиот Ресурен Центар во Скопје за овозможување на користење на нивните простории во центарот на градот.

Проектот ВИРТУАЛ https://www.virtual-erasmusproject.eu/  има за цел да го подобри нивото на компетенции, вештини и потенцијал за вработување кај учениците од стручното образование (ВЕТ секторот) преку нови и иновативни образовни програми од областа на туризмот (угостителство и ресторани), конкретно со примена на иновативна технологија како што е виртуела реалност (VR), проширена реалност (AR) и симулатори во ВЕТ институциите од Западен Балкан. Ова е популарно наречено Образование 4.0.

Партнери на проектот се 6 организации, универзитети, компании и ВЕТ провајдери: ТУЧЕП – Италија, АРТЕС Италија, Професионален Колеџ Тирана – Албанија,  Европскиот Универзитет Тирана – Албанија, Универзитет за Бизнис и Технологии – Косово;

Во Македонија, проектот се спроведува од ЦЕФЕ Македонија, со поддршка од бројни соработници, меѓу кои и Агенцијата за Промоција на Туризмот на Р. С. Македонија.