Вести

Објавено на октомври 23rd, 2022 | од admin

0

Обуки во Словачка како дел од проектот Employability in Progress

Во периодот од 15.08.2022 до 23.08.2022 година во Кошице, Словачка се одржаа обуки како дел од проектот Employability in Progress. Домаќин на проектот беше EDUSTEPS, а имплементиран во соработка со INPRO, GEYC, CEFE Macedonia, MVNGO, Long-Term Planning. Учесниците од Македонија беа поддржани од ЦЕФЕ МАКЕДОНИЈА.

Како дел од овој проект, двајцата учесници кои ја претставуваа нашата земја имаа задача да спроведат активност, со цел да го пренесат знаењето што го стекнаа на обуката. На 19 септември се одржа работилница и панел дискусија на тема „Како да се реши проблемот со иселувањето на младите од Македонија?“.

Беа презентирани актуелните економски проблеми со кои се соочува нашата земја, а потоа се бараа решенија за конкретни проблемски ситуации од кои се разви плодна дискусија.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑