Вести

Објавено на август 12th, 2015 | од admin

0

Како да ги надминеме психолошките пречки за успех на претприемачот?

This post is also available in: English

Ве покануваме на обука која ќе се заснова на емоционалната интелиганција во претприемништвото, поконкретно, негативните емоции како пречка за успехот на претприемачите. Ова е една од темите која е најретко застапена и најоскудно дисеминирана во рамките на неформалното образование (семинари, обуки, работилници). Повеќето формални и неформални едукации ставаат акцент на вештините и компетенциите за водењето на бизнис, но многу мал процент се посветува на основата на тие бизниси – претприемачот и неговата психолошка подготвеност за успех (или неуспех).

Главната цел на овој настан е да ве обучи и да ви даде знаења и вештини за:

  • препознавање на негативните емоции кои се испречуваат пред успехот на претприемачот,
  • алатки за нивно менаџирање и
  • како да ги примениме во секојдневното работење

Обуката е дизајнирана да се реализира во два дена, а целите ќе се постигнат во четири сесии составени од: предавање, прашања и одговори, вежби за практична примена на алатките. Темите на сесиите се следни:

  1. Страв
  2. Завист
  3. Агресија
  4. Алчност

Кој ќе не обучува? Г-ин Сем Вакнин –  Светски експерт во областа на клиничката психологија, автор на многубројни светски бестселери на темата (вклучувајќи ја и “Malignant Self-love: Narcissism Revisited”), бизнис консултант, како и економски аналитичар и коментатор.

Г-ин Зоран Витанов – Гостин говорник.  Еден од основачите на ЦЕФЕ Македонија и виновник за успешноста на стотици претприемачи од Амстердам до Дубаи.

Кога ќе се одржува? 12 и 13 септември (сабота и недела) од 10:00 до 17:30 часот

Каде? Хотел Капри – Битола

Што добивам дополнително?

  • Секој кој што успешно ќе ја заврши обуката (активно присуство на најмалку 80% од обуката) се стекнува со сертификат издаден од ЦЕФЕ Македонија и потпишан од обучувачите;
  • Материјали во печатена и електронска форма;
  • Листа на контакти за ваше идно вмрежување и соработка;
  • СПЕЦИЈАЛЕН ПОДАРОК од Г-ин Сем Вакнин – сите учесници ќе добијат 40 електронски книги од неговото творештво, кои што може да ги користите во вашиот континуиран личен и професионален развој;
  • ПОДАРОК од ЦЕФЕ Македонија – видео курс во кој ќе најдете информации за грантови и поддршка за реализација на вашите бизнис идеи.

Важно: Обуката ќе се одржува на англиски јазик.

Колку треба да инвестирам за себе? Реалната цена на чинење за овој тип на обука е повеќе од 9.000 денари по учесник. Благодарение на Г-ин Сем Вакнин и Г-ин Зоран Витанов, оваа обука ќе ви биде овозможена само со инвестиција од само 770 денари* во основни трошоци!!!

Како да се пријавам? Пријавувањето (пополнете ја електронската пријава) и потврдата на учество се врши до 01 септември 2015 година. Контактите на организаторот на настанот ЦЕФЕ Македонија се следни: 078/437267 Јован Сталевски; 078/201854 Елена Гагачева; info@cefe.mk

Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите со уплата од 770 денари* на долната сметка најкасно до 01 септември 2015 година.

Банкарски податоци:

ЦЕФЕ Македонија

НЛБ Тутунска Банка АД Скопје

Жиро сметка број:  210 063 771 060 147

Адреса:

ЦЕФЕ Македонија

„Никола Парапунов“ 33/57, 1000 Скопје

Република Mакедонија

Цел на дознака: Обука Сем Вакнин

* Цената на чинење на обуката е по учесник, во група од 60 лица. ЦЕФЕ Македонија го задржува правото на одложување и комбинирање на термините во случај на недоволно пријавени учесници. Во случај на поголем број пријавени кандидати ЦЕФЕ Македонија го применува принципот „first come – first served“ (во случајот: прв пријавен – прв услужен).

Во политиката на работа на ЦЕФЕ Македонија нема исклучоци при плаќањето на надомест за учество доколку лицето отсуствува на дел од обуката или е претставник од здружение на граѓани.


За авторот



Comments are closed.

Back to Top ↑