Земете учество во курсот „Претворање на потребите на младите во акционен план“ во Италија

Претворање на потребите на младите во акционен план за инклузивен раст на заедницата е 7 дневен курс во кој се вклучени 33 младински работници и 11 младински организации од земјите на ЕУ и Западен Балкан ( Италија, Босна и Херцеговина, Естонија, Косово, Холандија, Литванија, Македонија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија).

Што се нуди ? Обуката нуди неформално и креативно размислување поврзувајќи управување на проектен циклус со неформално образование, обезбедуваји  ги младинските работници со знаење, клучните компетиции и практични алатки потребни за развој и испорака на проекти во полза на заедницата.

Кои се учесниците :

  • Младински работници ангажирани со работа во различни групи на млади луѓе
  • Мотивирани да учат за управување со проекти и развој на заедницата
  • Нема старосна граница
  • Можност да комуницираат на англиски јазик
  • Сакаат да дејствуваат како мултипликатори во заедницата по враќањето назад

Место и временска рамка на одржување на обуката е градот Калтанисета / Сицилија во Италија од 17/09/2015 – 23/09/2015 .

Трошоците за пат ке бидат покриени во износ од 275евра по учесник а трошоците за сместување и престој се целосно покриени од организаторот на обуката.

За учество од Македонија се предвидени 3ца учесници па сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од оваа обука ве молиме симнете ја формата за аплицирање.

Одкако ќе ја пополнете пратете ја на маил најкасно до 10ти Јули на volunteer@cefe.mk .

За дополнителни прашања и информации слободно контактирајте не  на горенаведениот маил.