Повик за обука „Како да добиете пари за својата идеја во 7 дена?“

Сподели

Почитуваalternative finance training cefe macedonia posterни,

Сите светски експерти учат дека парите се ресурс кој што го има во најголеми количини на планетава. Прашањето е: Каде се? Како до нив? На кој начин да ги ставам во функција на мојата идеја и бизнис?

За таа цел Ве покануваме на 18 Јуни 2016 год. во Битола да земете учество на еднодневна обука за аплицирање на фондови кои располагаат со преку 50 милјарди евра.

Обуката е наменета за претставници од бизнис сектор, невладини организации, претпри емачи, менаџери, студенти, иноватори, вработени, професори, вработени во јавна администрација, финансиери и сите кои сакаат да најдат дополнителни финансии за реализација на своите идеи.

Што ќе добиете? 

  • Информации за над 30 некласични начини на финансирање кои се на располагање за реализација на
    секакви идеи,
  • Практично знаење за пополнување на апликациите и конструкција на бизнис плановите,
  • Мотивација за проа
    ктивност во вашето барање и искористување на овие фондови,
  • Вмрежување со претприемачи, консултанти и институции,
  • Материјали во пишана и електронска форма кои ќе може да ги користите во вашето натамошно работење,
  • Сертификат за учество.

Досегашните многубројни обуки од оваа област акцент ставаат на банкарските кредити кои се разликуваат само по каматните стапки. На оваа обука ќе бидат презентирани преку 30 алтернативни модели на финансирање на стартапи, мали и средни фирми, фамилијарни бизниси (краудфандинг, бизнис ангели, акселератори, иновациски фондови, европски фондови, билатерални фондови, ризичен капитал и др.). Оваа обука ќе биде единствена не само во Македонија, туку и во целиот Балкански регион.

Дизајн на настанот: Осмислен да се реализира во еден ден, а целите ќе се постигнат во три сесии составени од: презентации, дискусии, студии на случај, практична работа.

Кои се говорниците и обучувачите? Експерти докажани во бизнис секторот, кои со своето брилјантно искуство придонеле за развој на финансискиот сектор и стопанството во Македонија.

Обучувач: Сем Вакнин, претприемач, писател на светскиот бестеслер „Malignant self love – Narcissism revisited”. Косопственик на неколку странски компании од сферата на финансиите, економски аналитичар, поранешниот економски советник на влади и мултинационални компании на 3 континенти, вклучувајќи ја македонската Влада и Министерството за финансии на Република Македонија. Човек со брилијантен бизинс ум, огромно знаење и богато искуство во бизнис светот.

Гостин говорник: Зоран Витанов – финансиски консултант, кососптвеник на Трејд Консалтинг и коосновач на ЦЕФЕ Македонија

Фасилитатори: Јован Сталевски и Елена Гагачева, тренери по претприемништво во ЦЕФЕ Македонија

Доколку имате потреба и интерес за оваа обука контактирајте не на info@cefe.mk за повеќе информации

Важно: Обуката ќе биде на англиски јазик со обезбеден симултан превод на македонски.

Колку треба да инвестирам? Реалната цена на чинење за овој тип на обука е повеќе од 7.000 денари по учесник. Благодарение на сите инволвирани обучувачи, говорици, фасилитатори, кои го донираат своето време и експертиза без надоместок, оваа обука ќе ви биде овозможена само со инвестиција од само 590 денари* во основни трошоци.

Како да се пријавам? Пријавувањето се врши до  Среда, 15ти јуни, 2016 година со пополнување на електронската пријава со назнака “обука за финансирање” и потврдете го Вашето учество со уплата на банкарската сметка подолу.

Организатори: ЦЕФЕ Македонија, Регионална Стопанска Комора – Битола и Асоцијацијата на Менаџери на Македонија. Контактите на организаторите на обуката од ЦЕФЕ Македонија се:  075 257 075 Елена Гагачева; 078/437-267 Јован Сталевски; info@cefe.mk 

 

Потврдувањето на пријавите ќе биде по принципот, прв пријавен – прв услужен.

Потврдете го Вашето присуство со уплата на 590 денари на следната банкарска сметка:

ЦЕФЕ Македонија

НЛБ Тутунска Банка АД Скопје

Жиро сметка број:  210 063 771 060 147

 

Адреса:

ЦЕФЕ Македонија

„Никола Парапунов“ 33/57, 1000 Скопје

Република Mакедонија

 

Цел на дознака: Обука за финансирање

* Цената на чинење на обуката е по учесник, во група од минимум 60 лица. ЦЕФЕ Македонија го задржува правото на одложување и комбинирање на термините во случај на недоволно пријавени учесници.

Во политиката на работа на ЦЕФЕ Македонија нема исклучоци при плаќањето на надомест за учество доколку лицето отсуствува на дел од обуката или е претставник од здружение на граѓани.