Глобална недела на претприемништво 2022 – Како до профитабилен бизнис?

Сподели

На 17ти ноември 2022 година од 16 до 18 часот се одржа промо настанот „Како до прифитабилен бизнис“, во рамки на глобалната недела на претприемништвото 2022.

Воведни обраќања имаа Бојан Китановиќ од Стартап Македонија кој објасни дека станува збор за еднонеделна светска иницијатива (14 – 202 ноември 2022) која се случува истовремено во повеќе од 200 земји ширум светот и поврзува над 10.000 партнери во активности и настани насочени кон промоција на претприемништвото, зајакнување на постоечки и создавање нови партнерства како и основање нови релации за подобрување на условите за развој на претприемачкиот екосистем во државата.

Четирите теми на 15-тото јубилејно издание на ГНП се:

  1. стекнување претприемачки вештини во рамки на формалното и неформалното образование, 
  2. инспирирање на заедниците и организациите да остваруваат подобра соработка, 
  3. промовирање поголема инклузивност како и 
  4. квалитетно креирање политики во рамки на соработката помеѓу екосистемот и носителите на одлуки. 

Јован Сталевски, претседателот на ЦЕФЕ Македонија истакна дека организаторите и оваа година успеаа да направат инклузивна недела со повеќе од 45 настани и со над 100 говорници, а што резултира со демистифкација на претприемништвото кон широките маси и охрабрување на населението да размислува претприемачки, да ги поддржуваат претприемачите и да соработуваат заеднички за развој на нови бизниси.

Тој исто така објасни дека благодарение на оваа соработка ЦЕФЕ Македонија и нашите производи базирани на ЦЕФЕ методологијата се промовираат и приближуваат до поголема целна група, претежно млади.

Овој настан за приближување на финансиската писменост е особено важен бидејќи, Македонија, заедно со Романија и Португалија, ја има една од најниските стапки на финасиска писменост на населението во Европа, која изнесува од 15 до 24%. Што значи дека само секој 7ми граѓанин на Македонија е финансиски писмен. Истражувањето е објавено од Европската Банкарска Фенедерација и Стандард и Пур Групацијата, а може да се најде тука. 

Маја Давкова, Елена Гагачева и Валентина Тодороска, како домаќинки на настанот, како и фасилитатори на обуката за микро бизнис ги истакнаа пред присутните придобивките од учество на обуки за финансиска писменост:

  • Зголемување на знаењето и вештини за финансиите и претпримништвото при започнување и водење на мал бизнис;
  • Способност да се препознаат нови бизнис можности низ бројките и билансите;
  • Справување со неизвесни и непредвидливи настани и ризици, како и планирање на инвестициите;

Но и како дополнителни добивки за учесниците, меѓу кои се:

  • Вештини за дигитално учење и учество;
  • Сертификат за присуство издаден од ЦЕФЕ Македонија и Германскиот Шпаркасенстифтунг;
  • Соработка и вмрежување со други учесници и потенцијални нови пријатели;
  • Материјали во електронска форма кои ќе може да ги користат во идното работење;

На настанот присуствуваа повеќе од 40 лица, од кои 10 продолжија со обуката за како до профитаблен бизнис преку микро бизнис игри.

Вклучете се и вие и добијте едукација за финансиска писменост на обуките што ќе се одржуваат во ноември и декември 2022 со пополнување на овој линк.

Видете повеќе околу обуката за како до профитабилен бизнис на нашата веб страна www.cefe.mk

Контактирајте не доколку сакате повеќе  информации: Сара Цветковска / Телефон: +389 78 714 993; Јован Сталевски / Телефон: +389 78 437 267; Е-пошта: info@cefe.mk