Глобален бузнис форум се одржа изминатата среда на 20ти април, во бизнис центар Хипериум во Скопје.
ЦЕФЕ Макеоднија како организатор на настанот, се погрижи на присутните да им открие рудник од можности за бизнис и финансирање.
Претседателот на ЦЕФЕ Македонија, Јован Сталевски го отвори настанот со претставување на проектот „ГЕТ ЈЕС“ (Глобални размени и тренинг за младински услуги за вработување) и влијанието што овој проект ќе го има на светско ниво.
Говорниците на настанот беа експерти со долгогодишно искуство од бизнис сферата: Alejandro Javier Reyes Arellano – Plataforma Aurea – Чиле; Andrea Camille Livingston – Business Works – Јамајка; Rene San Luis Resurreccion – Passion for Perfection – Филипини; Laura Dorn – CEFE International – Германија, кои несебично ги презентираа своите проекти и идеи за идни сорабтки со македонските претприемачи.
Во вториот дел, Sam Vaknin, со својата презентација ги остави воодушевени сите присутни во салата. Vaknin презентира алтернативни извори на финансирање, кои се достапни за нашата земја, и преку кои може на многу лесен начин да дојдеме до средства за реализирање на нашите претприемачки идеи и развој на нашите бизниси.
Покрај планираните говорници, присутен во салата беше и Salvatore Fallica претставник на Impact Hub Siracusa – Италија , кој исто така сподели информации за можностите кои ги нуди Impact Hub, како и проектот за развој на малди претприемачи на кој што работат во моментот и го донесе во Македонија.
На крај, настанот беше одлична можност за вмрежување и нови соработки и не се сомневаме дека македонските претприемачи ја искористија таа можност.
ЦЕФЕ Македонија им се заблагодарува на говорниците на настанот за нивниот волонтерски придонес, како и на сите присутни.
Во продолжение погледнете слики од настанот.
Видео од презентацијата на Sam Vaknin како и презентациите на говорниците ќе следат за брзо време.
[Best_Wordpress_Gallery id=”19″ gal_title=”Globalen”]

