Бизнис средба во Струмица

Сподели

Во рамки на проектот „Зошто да одите во странство кога може да останете и да инвестирате во вашата земја“ се одржа бизнис средба во Струмица (21.04.2015). Благодариме на Центарот за вработување во Струмица што беа одлични домаќини и организатори на средбата, како и на U.S. Embassy Macedonia кои го поддржаа овој проект. Пред учесниците се презентираа можностите за развој на претприемништвото во Македонија, како и презентација на видеото за улогата на државните институции за развој на претприемништвото.

Видеото е дел од онлајн курсот кој ќе ја претставува Македонската претприемачка приказна во курсот Beyond Silicon Valley: Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies.

За да ги погледнете фотографиите од настанот посетете ја нашата Фејсбук страна.