“YE on Active LeisureTime” / ‘ Младинска размена за активно искористување на слободното време“

Сподели

Во периодот од 17.06.2024  до 27.06.2024 година во соработка со Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија во рамките на Erazmus + проектот “ YE on Active LeisureTime” / ‘ Младинска размена за активно искористување на слободното време “  во малото гратче Кристуру Секуеск ( Cristuru Secuiesc) во Романија учество зедоа учениците Павел Велинов, Филип Арсов, Драгана Саздова, Кирил Стојанов, Марио Николов и Бојан ДиМитровски со тим лидерот професорот Жаклина Атова од СОУ “ Коле Нехтенин “ oд Штип. Заедно со ученици од Шпанија, Словачка, Турција и Романија тие реализираа многу активности . Како што се:

-меѓусебно запознавање, надежи, стравови и очекувања, договори за учење и правила на размена, правила на куќата;

– Што е активно слободно време? Мерење како го поминуваме слободното време:

-градење на тим и откривање на градот

-пешачење во шумата, дебата: пасивно наспроти активно слободно време;

-интеркултурна вечер (преставување и пробување на грицки и храна карактеристична за секоја земја)

-јога, зумба, интеркултурна активност- игри од детството од секоја од земјите

-power point презентација -претставување на својата зекмја, историјата, традициите и обичаите

-поткаст- проблеми со кои се соочуваат тинејџерите

– Разгледување со водич и слободно време во средновековниот град Сигишоара ( Sighisoara), градот во кој е роден грофот Влад Цепеш Дракула и кој е под заштита на УНЕСКО;

-групна уметност-цртање на платно; волонтирање -фарбање на клупите во градот;

-театарска претстава, спортски активности, изработка на куќички за птици+

– бура на идеи за работилници-изработка на план за десиминација  во училиштето и негово презентирање

-посета на локалниот музеј

– Евалуација на Младинска размена и церемонија Youthpass.

Голема благодарност до CEFE Macedonia/ЦЕФЕ Македонија и до претседателот Јован Сталевски за поканата и за можноста СОУ “ Коле Нехтенин  “ да се вклучи во овој проект.