Oука за обучувачи за претприемачки компетенции според ЦЕФЕ Методологијата во Турција

Обуката се реализира во рамки на проектот “Зајакнување на претприемачките компетенции на практикантите од стручните училишта”. Проект поддржан од Националната Агенција на Турција, во областа на стручното образование, преку програмата Еразмус+.

Официјалниот почеток на обуката, со свои инспиративни и поздравни говори, го означија директорот на Фондацијата за развој на претприемачи (МЕСВАК) гин Нуредин Конакли и гдин Јашар Коџак од Националниот директорат за образование на Анкара. На крајниот дел од обуката не посети и директорот на Националниот Директорат за образование при што напомена дека овој тип на проекти е од големо значење за Анкара бидејќи има преку 20.000 училишта, 30.000 наставници и околу 1.300.000 ученици, само во регионот на Анкара.
На интернационалната обука учествуваа 20 наставници, едукатори и професори од Македонија, Естонија и Турција. Нивните најголеми очекувања беа тие лично да ги искусат карактеристиките на претприемачите за да можат да ги разберат и потребите на младите потенцијални претприемачи кои учат во нивните стручни училишта.
ЦЕФЕ Македонија придонесува во овој значаен проект преку развој на програма за претприемништво (ЦЕФЕ Методологија) што ќе се спроведува од едукаторите во нивните училишта и организации и обучувачи кои ќе спроведат обука за обучувачи.
Исто така нашата стратегија за реализирање на овој проект во Македонија ќе го оствариме во соработка со нашите соработници: Устијана Речкоска Шикоска (Универзитет за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле“ – Охрид), Ирена Ралева Најдовска (наставник во ЕМУЦ Св Наум Охридски), Христина Серафимовска (професор нс Факултет за туризам и бизнис логистика), Весна Ефремова (наставник во СОУ Љупчо Сантов) и Бобан Русески (едукатор и уметник). Тие ќе обучат преку 40 млади практиканти од Македонија во периодот ноември декември 2023.

Сите заинтересирани млади што учат во стручни училишта во Македонија и посетуваат пракса, ако се гледате како потенцијални претприемачи – пријавете се за обуки за бизнис вештини и не ја пропуштајте оваа можност. Контактирајте не на info@cefe.mk