Вести

Вести

Искуственото учење е иднината на образованието

Целокупните активности што се одвиваа на „Конгресот за искуствено учење“ водеа кон заклучокот дека исксутвеното учење има тенденција да биде иднина на образованието во светот.  Конгресот се одвиваше од 19 до 21 март 2025 година, во Катовица, Полска, со поддршка на Министерството за образование на Полска, Слезискиот универзитет во Катовице, Стеленбош универзитетот од Јужна Африка, Институтот за искуствено учење од САД и ЦЕФЕ Интернационал, како координативно тело на целокупната ЦЕФЕ мрежа од светот, и финансиска поддршка од Еразмус+ програмата на Европската Комисија. Главната цел на настанот беше да ја поттикне и зајакне меѓусекторската соработка во областа на искуственото учење. Учествуваа повеќе од 60 учесници во живо и 40 на виртуелните средби.  Претставници на универзитети, училишта, тренинг центри, граѓански организации, вработени во агенции за образование како и студенти.  Активностите кои се одвиваа беа: поздравни говори од истакнати говорници и академици, презентации на истражувања од областа на искуственото учење, работилници за претставување на алатки и техники, настани за вмрежување, работни средби за идеи за соработка, виртуелни работилници, како и забава и дружење.  Г-ин Дејвид Крокал, еден од топ 10те академици од областа, истакна дека ако сакаме да го зачуваме биодиверзитетот и климата мораме да им го доближиме тоа знаење и однесување на сегашните и идните генерации преку исксутвеното учење.  Г-ѓа Рут Ендрјус од Стеленбош универзитет, Јужна Африка посочи дека искуственото учење сеуште не е доволно прифатено во високото образование и е потребно градење на капацитети на професорите и едукатприте во универзитетите. Преку интернационални партнерства да се охрабрат и да разменубаат добри практики. Г-ин Хауард Вилијамсон, професор на Велшки универзитет за младинска работа се осврна на историските податоци на исксутвеното учење како пред 40 години Маргарет Тачер воведе стратегија за претприемачко образование во цела Британија која наставниците ја спорведувале преку техники на симулациии и бизнис игреи. Г-ин Мустафа Ердоган од Центарот за искуствено учење од Истанбул порачува искуственото учење секогаш да отпочнува и да се поврзува со реалниот живот и она што треба да го научи учесникот. Г-ѓа Марлинде Баренз, од ЦЕФЕ Интернационал, истакна дека во успешноста на ЦЕФЕ методологијата лежат 2 принципи: чувството на одговорност од учесниците, бидејќи доаѓаат по своја волја и имаат мотив да направат нешто. И второ, пристапот на вклученост на сите учесници без разлика на нивната позадина или цел. Овие два принципи во голем дел придонесоа ЦЕФЕ методологијата да има 90% успешност и задоволство  од учесниците и да докажува дека е еден од најдобрите методи за претприемачки компетенции во последните 35 години.  Како поддршка на ЦЕФЕ методологијата беше презентирано и истражувањето за влијанието на ЦЕФЕ методологијата врз учесниците во Македонија од 2014-2024 година, преку кое Г-ин Јован Сталевски сподели дека 99% од учесниците ја препорачуваат методологијата и 85% се здобиле со бизнис вештини. Препораките за иднина и развој на искуственото учење во Европа произлезе да се креира Еворпска академија за исксутвено учење каде едукаторите од разлилни сектори ќе можат да се надоградуваат.

Вести

ЦЕФЕ Македонија е дел од Организацискиот комитет на Конгресот за Искуствено Учење 2025! 

ЦЕФЕ Македонија е дел од Организацискиот комитет на Experiential Learning Congress 2025, кој ќе се одржи на 19-20 март 2025 година во Катовице, Полска! Оваа година, конгресот ќе биде особено значаен, бидејќи меѓу учесниците ќе бидат Дејвид и Алис Колб, основачите на теоријата за искуствено учење. Овој глобален настан ќе обедини водечки истражувачи, обучувачи и експерти во полето на современите образовни методи. Што може да очекувате од Конгресот? ✅ Длабинско знаење за најновите истражувања и најдобрите практики на искуственото учење во различни сектори низ светот. ✅ Нови контакти и соработки со професионалци кои ја делат истата страст за искуственото учење. ✅ Конкретни чекори за примена на стекнатите знаења во вашето професионално поле. ✅ Поголема мотивација и самодоверба за имплементација на искуственото учење во вашата работа. Еден од говорниците на конгресот ќе биде и претседателот на ЦЕФЕ Македонија Јован Сталевски, кој што ќе одржи говор на темата “Промовирање на иновации и претприемништво преку искуствено учење: Проценка на влијанието на методологијата на ЦЕФЕ Македонија (2014–2024)“ Покрај него, свое излагање ќе има и Марлинде Баренз од ЦЕФЕ Интрнационал, како и искусни ЦЕФЕ тренери од Филипини, Мароко и Тајланд, кои ќе ги споделат своите перспективи и практични искуства. Дополнително, ЦЕФЕ Македонија ќе биде дел и од завршната церемонија на Конгресот, каде ќе ги споделиме главните заклучоци и визии за иднината на искуственото учење. Дознајте повеќе за Конгресот и за целата негова програма на следниот линк: https://www.experientiallearning.net/congress-2025 

Вести

Придонесот на ЦЕФЕ Македонија за општеството во 2024 година

На почеток на годината рефлектираме што сме направиле и што сме придонеле во 2024 година за нашето општество. За таа цел може да го погледнете извештајот со настани и активности на ЦЕФЕ Македонија за 2024 година. Сумирано во кратки црти: Најважно е што преку ЦЕФЕ Македонија, 1472 лица имаа можност да се вмрежат, запознаат и соработуваат со луѓе од Естонија, Малта, Турција, Франција, Романија, Португалија, Албанија, Косово, Италија, Полска, Литванија, Бугарија, Грција, Белгија, Австрија, Ерменија, Грузија, Венецуела, Филипини, Бутан, Руанда, Танзанија, Уганда, како и од различни градови и цела на Македонија.

Вести

 ЦЕФЕ Македонија и УКЛО – Партнерство за иднина!

Ja споделуваме успешната соработка со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, со кој што имаме потпишано Меморандум за соработка. Овој значаен чекор отвора врати за заеднички активности и проекти, обезбедувајќи пристап до квалитетни обуки и иновативни едукативни методи за студентите на УКЛО. На 12 декември 2024 година, студентите од Економскиот факултет – Прилеп имаа можност да учествуваат во едукативна сесија преку гејмификација лиценцирана од страна на ЦЕФЕ Македонија. Во рамките на предметот „Маркетинг менаџмент,“ под менторство на проф. д-р Снежана Обедниковска, студентите преку лиценцирана игра научија повеќе за улогите на клиентите, добавувачите, иновациите, конкуренцијата и финансиските аспекти на менаџирањето. „Навистина беше прекрасно да се види како студентите со насмевки и ентузијазам ги совладуваа темите преку игра. Верувам дека ваквите иновативни методи треба да бидат дел од наставата во иднина,“ изјави проф. д-р Снежана Обедниковска. ЦЕФЕ Македонија продолжува да создава можности за практично учење и развој, со цел заедно да ја градиме иднината на младите!

Вести

Придонес во стратегијата за финансиска едукација на НБРМ

Од 2021 па се до денес, ЦЕФЕ Македонија активно придонесува во реализирање на стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија на Народната Банка на Република С. Македонија (НБРСМ), со преку 500 лица кои ја зајакнале својата финансиска писменост на нашите обуки. ЦЕФЕ Македонија во своите капацитети и ресурси придонесува во делот на зајакнување на финансиската писменост на населението, подобрување на капацитетите на повеќе од 30 едукатори и 15 институции, како и преку подобрување на финансиската инклузија, фокусирајќи се на млади, жени и фармери.  Видливоста на резултатите е прикажана во официјалните документи на НБРСМ: Овие резултати, почнувајќи од 2022 година активно ги реализираме преку финансиските едукативни производи и настани од кои што имале добивка повеќе од 500 учесници:  Благодарение на едукативните производи кои се висококвалитетни, прилагодливи, интерактивни и се базираат на искуствено учење, а се спроведуваат под лиценца на Германскиот Шпаркасенштифтунг за интернационална соработка и ЦЕФЕ Методологијата, учесниците градат компетенции на практичен начин и се враќаат повторно за нови знаења и искуства. Стратегијата на НБРСМ има за цел да обезбеди поддршка и развој на финансиската едукација и финансиската инклузија во државата. Како и подобрување и/или воспоставување соодветна законска и институционална рамка за заштита на потрошувачите во областа на финансиите во Република Северна Македонија. Стратегијата треба да придонесе за зајакната координација и соработка помеѓу финансиските регулатори, приватниот финансиски сектор и невладиниот сектор, како и систематски пристап на сите вклучени субјекти заради зајакнување на финансиската писменост на населението, подобрување на степенот на финансиска инклузија, при истовремено обезбедување соодветна заштита на потрошувачите.

Вести

Клуч до успехот: Обука за деловна комуникација и преговарање

Нашиот успех во животот зависи од квалитетот на нашите односи, кои пак зависат од квалитетот на нашата комуникација со нас самите и со луѓето околу нас. Комуникацијата т.е. она што го зборуваме и како го зборуваме претставува основен фактор за тоа дали ние ќе успееме или не. Замислете си да имате способност за зборувате со уште повеќе возбуда и моќ. Да можете досаден состанок да го претворите во динамичен и продуктивен. Да ги мотивирате вашите соработници да ги исполнат предвидените рокови и да и надминете проектираните цели. Сето ова зависи од вашата способност за комуникација. Што ние комуницираме, но уште по важно – КАКО комуницираме. ЛОКАЦИЈА И ВРЕМЕ: Локација: Земјоделски Факултет Скопје  Дата: 01 и 02 Февруари 2025 Време: 10:00 – 17:00 ЦЕЛИ НА ОБУКАТА: ШТО ЌЕ НАУЧИТЕ? ЗА ОБУЧУВАЧОТ:  Ани Спасовска – Амбициозна, претприемчива, динамична, креативна, позитивна и ефикасна личност која креира тимови да работат ефективно. Добитник на значајни домашни и меѓународни награди, меѓу кои и менаџер на годината. Сопственик на компанијата „Вајз Консалтинг“. Континуирано вложува во својот професионален и личен развој, посетувајќи над сто семинари и обуки во земјава и во странство. Сертифициран тренер по НЛП Методологија и моментално е асистент на НЛП Институтот Slavica Squire во Белград. До сега има над 1,500 h реализирани обуки, работилници, работилници за градење на тим во Македонија и странство. ЗА КОГО Е ОВАА ОБУКА? ШТО ЌЕ ДОБИЕТЕ? Надомест за учество*: Вие имате единствена можност за само 8.888 денари** да учествувате на висококвалитетна обука! Инвестицијата во себе е најисплатливата инвестиција. НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: Пријавете го и регистрирајте го вашето учество со пополнување на електронската форма за учество до 27 јануари 2025 година. ЦЕФЕ Едукација и Тренинг 210-0749054201-96  НЛБ Банка АД Скопје Цел на дознака: ИМЕ ПРЕЗИМЕ (на учесник) 01 БизКом Или Цел на дознака: ИМЕ НА ФИРМА 01 БизКом * Надомест за учество на обука – политики и промоции на ЦЕФЕ Македонија: ** Реалната цена на чинење на оваа обука изнесува 13.000 денари, по учесник. Соработката меѓу ЦЕФЕ Македонија и Вајз Консалтинг ви ја доставуваат по промотивни услови со цел да им се овозможи поголемо учество на претставници од микро и мали фирми, како и индивидуалци кои сакаат да инвестираат во себе и да напредуваат во својот личен и професионален живот. За повеќе информации околу начините на учество, пријавување и организација, јавете се на нашите советници за обуки и учење: