Вести

Вести

ЦЕФЕ се шири во Кајзери, Турција

Нашите соработници Мустафа Јилдиз и неговиот тим од Кајзери, Турција иницираа основање на неформална група на млади луѓе „ЦЕФЕ Кајзери Младинска Група“ која има за цел ширење на претприемачката култура помеѓу младите од Кајзери и пошироко преку проекти за економски развој. Идејата произлезе после успешниот интернационален тренинг за идни цефе тренери, кој што се одржа во Октомври 2015. Целта на оваа неформална група е да прерасне во препознатлива организација која ќе работи на јакнење на постоечките и идните претприемачи со вештини за успешно планирање и водење на бизнис, како и јакнење на екосистемот за поддршка на претприемачите во Турција. На почетокот на април, експерти од ЦЕФЕ Македонија и ЦЕФЕ Кајзери дизајнираа проект кој ќе има за цел да ги зајакне знаењата и вештините на младите за социјалното претприемништво „Social Entrepreneurship Values for Global Impact – SEVGI”. Тој беше аплициран во Турската Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност. Покрај ЦЕФЕ Кајзери и ЦЕФЕ Македонија, останати партнери на проектот се организации од Бугарија, Грција, Финска, Португалија, Холандија, Романија, Хрватска, Унгарија, Литванија, Италија и Шпанија. Се надеваме дека оваа поддршка од Еразмус + програмата ќе ја зајакне организацијата во нејзиниот раст.

Вести

Проектни идеи за јакнење на претприемништвото

Тимот на ЦЕФЕ е полн со нови идеи во вториот квартал на 2016 година. Како резултат на нашите постојани напори да создаваме нови генерации на претприемачи, ние секогаш се трудиме да одиме заедно со вашите потреби и предизвиците со кои се соочувате. Во овој поглед, тимот на ЦЕФЕ Македонија започна со брзо темпо. Ние соработуваме со голем број домашни и меѓународни организации и извршивме мапирање на потребите на луѓето за кои постоиме. Тие потреби во претприемачкиот екосистем ги претворивме во  проектни идеи за кои можете да прочитате повеќе подолу во текстот. Во исто време, ние Ве покануваме да ни дадете ваши предлози, повратни информации – заедно да продолжиме со нашата соработка во иднина. Што сакаме да се постигне со новите проекти кои се поднесени за финансирање во текот на овој квартал? Зголемување на можности за младинско вработување – Предлог проектот за зајакнување на повеќе актери – мултипликатори кои работат во областа на вработувањето. Ќе биде обука за обучувачи за меки вештини. Партнерство со нашите турски соработници од Хоризонт група млади луѓе.   Вредности за глобално влијание преку социјално претприемништво – Проект за давање на напредни знаења и вештини на младите луѓе да научат за модели на социјално претприемништво и бенефиции од тоа. Партнерство со ЦЕФЕ Кајсери младинска група.   Нови генерации на претприемачи – Нашата иницијатива на проектот “Инвестирај“ прерасна во проект за Пан Европски масивен онлјан курс со студии на случај за претприемачките еко системи во Шпанија, Турција, Италија, Литванија, Бугарија, Македонија и ЕУ генерално. (ЕУ Еразмус плус фонд, К2)   Активен Претприемачки екосистемот (AEES) – Наша цел е да се промовира дијалог и соработка меѓу невладините организации и граѓанските организации, како и за подобрување на ефикасноста на организациите на граѓанското општество во промовирањето на здрава еко-систем за бизнис и социјални претприемачи.

Вести

Експертска средба за креирање нов тренинг курс во рамки на проектот ГЕТ ЈЕС

ЦЕФЕ Македонија тековно работи на проект кој како краен производ ќе понуди нов тренинг курс за стекнување на вештини со кои младите полесни би дошле до вработување или самовработување. Овој проект насловен како „GET YES – Global Exchange and Training, Youth Employability Service”  ЦЕФЕ Македонија го реализира во партнерство со организации од Чиле – Plataforma Aurea, Јамајка – Business Works, Германија – CEFE International и Филипини – CEFE net Philippines.  Финансиран е од програмата Erasmus +, KA2. За тековните потреби на проектот, експерти, претставници од сите организации се собраа на работна средба во Скопје. Во период од 18 до 24, напорно се работеше на дефинирање на активностите за наредниот период, обуките кои треба да бидат опфатени во овај тренинг курс, како и целите што треба да се постигнат од целата работа. Како претходни активности во склоп на проектот беа истражувањата на најдобри практики за вработување на младите во поединечните земји, кои служат како насоки за креирање на новиот тренинг курс. Тренинг за тренери кои ќе бидат обучени да ја спроведуваат оваа програма насекаде низ светот ќе се одржи во месец Август. Овој тренинг ќе трае 15 дена и заинтересираните можат да се пријавуват на нашата е-маил адреса info@cefe.mk. Повеќе детални информации за овој тренинг ќе следат во иднина. За брзо време сите информации за тековното работење на проектот „GET YES“ ќе ги добивате и преку официјалната страна која ќе биде објавена дополнително.’   [Best_Wordpress_Gallery id=”17″ gal_title=”Expert meeting”]

Вести

Глобален ЦЕФЕ бизнис форум се одржа во Скопје

Глобален бузнис форум се одржа изминатата среда на 20ти април, во бизнис центар Хипериум во Скопје. ЦЕФЕ Макеоднија како организатор на настанот, се погрижи на присутните да им открие рудник од можности за бизнис и финансирање. Претседателот на ЦЕФЕ Македонија, Јован Сталевски го отвори настанот со претставување на проектот  „ГЕТ ЈЕС“ (Глобални размени и тренинг за младински услуги за вработување) и влијанието што овој проект ќе го има на светско ниво. Говорниците на настанот беа експерти со долгогодишно искуство од бизнис сферата: Alejandro Javier Reyes Arellano – Plataforma Aurea – Чиле; Andrea Camille Livingston – Business Works – Јамајка; Rene San Luis Resurreccion – Passion for Perfection – Филипини; Laura Dorn – CEFE International – Германија, кои  несебично ги презентираа своите проекти и идеи за идни сорабтки со македонските претприемачи. Во вториот дел, Sam Vaknin, со својата презентација ги остави воодушевени сите присутни во салата. Vaknin презентира алтернативни извори на финансирање, кои се достапни за нашата земја, и преку кои може на многу лесен начин да дојдеме до средства за реализирање на нашите претприемачки идеи и развој на нашите бизниси. Покрај планираните говорници, присутен во салата беше и Salvatore Fallica претставник на Impact Hub Siracusa – Италија , кој исто така сподели информации за можностите кои ги нуди Impact Hub, како и проектот за развој на малди претприемачи на кој што работат во моментот и го донесе во Македонија. На крај, настанот беше одлична можност за вмрежување и нови соработки и не се сомневаме дека македонските претприемачи ја искористија таа можност. ЦЕФЕ Македонија им се заблагодарува на говорниците на настанот за нивниот волонтерски придонес, како и на сите присутни. Во продолжение погледнете слики од настанот. Видео од презентацијата на Sam Vaknin како и презентациите на говорниците ќе следат за брзо време.   [Best_Wordpress_Gallery id=”19″ gal_title=”Globalen”]

Вести

Обука за маркетинг микс стратегии за најголемата млекарница во Македонија

Начинот на обука заснован на искуство и решавање проблеми (CEFE Methodology) одлично беше прифатен и од нашите клиенти Млекара АД Битола и маркетинг агенцијата Магно. На 17ти април 2016, во хотел Оаза – Штип, обучувачи од ЦЕФЕ Македонија, Зоран Витанов и Јован Сталевски реализираа рабтилница за продажни техники и маркетинг микс. Благодариме на сите учесници од Кочани, Штип, Струмица, Радовиш, Куманово и Битола (извинете ако заборавивме некој 🙂 што со своето активно учество придонесоа за успешно реализирање на целите на настанот и им посакуваме реализација на зацртаните бизнис цели.

Вести

Успешна претприемачка приказна која ги разубавува Прилепчани – „Ема Плејс“

Приказната за успешниот бизнис на Емилија Костадиноска не почнува со нашиот разговор, ниту со отворањето на студиото, туку со нејзината желба да има сопствен бизнис кој ќе биде надополнување на бизнисот на нејзиниот сопруг. „Мојот сопруг е фризер и познат во својот занает. Додека помагав околу неговиот бизнис, размислував и посакував диверсификација на фризерските услуги. Сакав да ризикувам да почнам свој бизнис и знаев дека ќе успеам.“ раскажува Емилија. На почетокот за реализација на желбата имала сосема доволно: локација за фризерското студиo во центарот на Прилеп и решителност. И недостигале само дополнителни финансиски средства. И така, сосема случајно, од пријатели, дознава за проектот на УНДП и за средствата од 3000 евра достапни преку Агенцијата за вработување. „Од Агенцијата за вработување ни дадоа можност да избереме меѓу 12 консултатни кои треба да ни помогнат во изработка на бизнис план. Јас без двоумење се одлучив за Јован Сталевски од ЦЕФЕ Македонија. Тоа што заеднички го сработивме беше причина бизнис планот да биде рангиран на првото место од сите изработени бизнис планови. Во вториот круг продолживме со консултативните услуги. Планот, односно мојата идеја за бизнис беше наградена со потребните финансисkи средства.“ вели Емилија. Во период од неколку месеци почнува со работа фризерското студио „Ema Place“. Почетокот на работата е најавена со спектакуларен настан, со огномет, многу гости и позитивна енергија. Сопственичката на ова студио веќе гордо ги најавува идните планови за работа: „Она што ќе ме направи и понатаму успешна е мојата верба за развој на бинзисот. Животот и работата ме научија да го извлечам максимумот од ситуациите. Затоа, научиви и да ги слушам клиентите, не поради профит туку за да ги задоволам нивните желби и потреби. А ако имам повеќе профит од тоа што ми е мене и на моето семејство доволно, знам да го вратам онаму каде што треба, за некоја хуманитрана цел или спонзорство.“ вели Емилија и додава „Она што можам да препорачам врз основа на моето искуство во бизнис секторот е дека потребна е ваква вид на поддршка и помош, односно консултант или ментор. Затоа што пристапот кон идејата и желбата за бизнис е професионален. Ако сама би минувала низ тој процес не верувам дека би пристапила како што пристапив благодарение на Јован. Затоа што планирањето беше базирано врз реални разговори, бројки и пресметки.“ Пораката од Емилија до сите оние кои се двоумат дали да почнат сопствен бизнис или не, е да бидат поразлични со тоа што го би го нуделе на пазарот и само така би биле успешни.   [Best_Wordpress_Gallery id=”13″ gal_title=”Ema Place”]