„5. Тренинг за идни амбасадори на претприемништво”
Финансиран од: Ерасмус + КА 1 Период на реализација: 01.06.2015 – 01.10.2016 Организатор: LIFOS Youth Group – Kaysery, Turkey Реализатор: ЦЕФЕ Македонија. Цел: создавање на компетентни тренери и лидери да бидат лиценцирани тренери за претприемништво користејќи ја светски познатата ЦЕФЕ методологија. Посебни цели: Зголемување на компетентноста на учесниците за примена на ЦЕФЕ методологијата. Доближување на новите алатки и вежби на методата и развој на способностн за креирање на нови вежби и програми за обука. Набљудување и сетификација на учесниците за да станат лиценцирани ЦЕФЕ тренери кои ќе работат на национално и меѓународно ниво. Зајакнување на капацитетите на организациите во процесот на преземање активности за справување со растечката невработеност на младите, подигнување на нивните капацитети за реализирање на обуки за претприемништво, генерирање приходи и отворање врати за нови меѓунаросдни соработки на слични теми. Зајакнување на мрежата на ЦЕФЕ организациите низ Европа и земјите партнери. Изградба на заеднички идеи и проекти за мултиплицирање на настани.




