Јован Сталевски е претседател на организацијата „ЦЕФЕ Македонија“ и интернационален ЦЕФЕ обучувач. Оваа организација во Македонија работи упорно и напорно да ја промовира претпримничката култура, ги обучува, насочува и охрабрува младите дека одлуката да започнат сопствен бизнис е повеќе од бизнис одлука. Тоа е одлука да се биде слободен човек! (Разговараше- Верица Јорданова) – За почеток дајте ни еден краток вовед што е ЦЕФЕ Македонија, од кога постои, што работи и која е основната мисија на оваа организација? ЦЕФЕ е методологија за искуствена обука на претприемачи. Акронимот ЦЕФЕ доаѓа од анлиското име на методологијата “Competency based Economies, Formation of Enterprise”. За полесно разбирање, во превод значи „Креирање на претпријатија преку оформување на претприемачи“. Тоа значи дека дали едно претпријати ќе биде успешно или не, не зависи само од идејата и пазарот, туку најмногу од претприемачот и неговите компетенции. На пример, ако земеме било кој локален бизнис и да го тргнеме сопственикот и на негово место да поставиме друг сопственик тој бизнис повеќе не е ист. Методологијата е креирана во средината на 80-те години од 20 век од страна на експерти од областа на психологијата, бизнисот, маркетингот, финансиите и социологијата. Германското министерство за економија и нивните програми за интернационален развој го промовираа методот во преку 150 земји. Благодарение на квалитетот и ефективноста, денес ЦЕФЕ е широко прифатен метод за тренинг на претприемачи не само во Македонија, туку и во цел свет. Што покажува овој метод во последните 30 години? 95% од сите учесници на обуките или бараат дополнителна обука или инсистираат некој од нивните соработници или семејство да посетат ЦЕФЕ обука. И тоа не е случај само со обучувачите во Македонија, туку и со обуките што се оддржуваат насекаде во светот. Ние во Македонија се запознавме со методот во далечната 1997 година. После 11 години, во 2008 година, се формализираше здружение на граѓани „ЦЕФЕ Македонија“ со основна мисија, промоција на претприемачката култура и јакнење на бизнис компетенциите кај економските актери во општеството. Ние ги учиме луѓето да бидат претприемчиви и да не влегуваат во бизнисот емотивно, туку на база на реални истражувања и проценки од пазарот. Како што вели еден наш учесник: ме научивте да не газам на гнили даски, туку цврсто и сигурно да чекорам кон успех. Преку обука на што повеќе луѓе веруваме дека претприемачката култура и вработливоста во Македонија ќе ја издигнеме на високо ниво. Никој во светот не успеал сам, затоа и ние ги покануваме сите кои што веруваат во оваа визија да не контактираат на info@cefe.mk за соработка. Како соработници, пред се ги гледаме институциите кои го поддржуваат претприемништвото, како што се агенциите за вработување, Фондот за иновации и технолошки развој, министерствата, факултетите, универзитете, институтите, општините, акцелераторските програми, бизнис инкубаторите, бизнис старт ап центрите, финансиските институции, невладините организации), како и индивидуалци (бизнисмени, визионери, експерти) кои што сакаат да направат позитивна промена во Македонија. – Велите дека вашата визија е во Македонија да се формира претприемачка култура и да се зголеми вработеноста кај населението. Како ја оценувате претприемничката култура во Македонија? Како се менуваат претприемничките трендови со текот на годините? Претприемачката култура во Македонија сеуште е во развој, а за тоа е виновен системот во кој што се развиваат нашите млади. Конвенционалниот систем на образование не подготвува за искористување на веќе постоечките работни места (креирани во 20 век), а не за креирање нова вредност, со нагон да ги поправаме нештата околу нас и да бидеме одговорни за својата иднина и постапки. Исто така и политичката и социјалната криза придонесуваат за страв и неиницијативност кај луѓето во Македонија. Не можат реално да ги предвидат и проценат можностите и ризиците па затоа се воздржуваат од дополнителни инвестиции и почнување на нешто ново. Друг симптом на нашиот менталитет кој што му одмага на претприемачкото делување е што сме навикнати и сакаме некој друг да ни ја обезбеди или сработи нашата работа. Тоа е останато од минатото и пренесувано од нашите родители кои што живееле во поинаков економски систем. И што е уште позагрижувачки таквиот став се негува и од политичките и образовни лидери. Јас со сигурност тврдам дека нема подобро време за претприемачки активности од ова во кое што живееме. Зошто? Преку интернет, сите информации ни се лесно достапни, можностите за патување и вмрежување се многу евтини и достапни, а многу суровини и технологии се евтини и лесно достапни за развој на една идеја. Ресурсите за учење се подостапни од било кога до сега. Преку еден паметен телефон и интернет конекција ги имаме сите информации во рака, и сме поврзани со сите што сакаме да ни бидат клиенти. Постојат многу микрокосмоси – ниш пазари, во кои што може да оперира вашиот бизнис. – Во последно време постојат и повеќе програми кои ги стимулираат луѓето, особно младите да се испробаат во свој бизнис. Како Вие од ваше искуство, ги оценувате клучните предизвици кои ги одвраќаат истите од идејата да се почне бизнис и обратно? Кои се клучните мотивирачки фактори да се влезе во ваква мисија? Точно е дека во Македонија и во регионот постојат многу програми кои што ги поддржуваат и им помагаат на младите луѓе да започнат или да го доразвијат својот бизнис. Поддршката се нуди во сите нивоа на развој: од идеја до бизнис, стартап поддршка, поддршка во средна фаза како и поддршка во ширење на компаниите или нивна интернационализација. Ние го мапиравме тој екосистем и го документиравме во онлајн курс кој што може да се погледне на www.cefe.mk/Investiraj. Главен демотиватор во регионот е домашното воспитување, влијанието на најблиските пријатели и традиционалниот колективистички систем на вредности кој ја форсира сигурноста наместо современите индивидуалистички општества каде се цени превземањето на ризик и успехот. Од друга страна, медиумите во Македонија и во светот ни го хранат стравот кој што е основна причина да сме исплашени и да оперираме само во зоната на сигурност (читај стабилно вработување). Но светските трендови покажуваат дека останувањето во зоната на сигурност е најголемиот ризик на денешницата. Луѓето со кои соработуваме, како најголем мотиватор да се влезе во претприемачките води ги наведуваат: реализација на своите идеи и цели, финансиска независност и можностите кои ги нудат глобалните