Вести

Вести

Партнерство во интернационален проект за младински работници

„Кога се смееш, се менуваш, кога ти се менуваш – целиот свет се менува“ Мадан Катариа Во летото 2014, ЦЕФЕ Македонија беше партнерска организација, заедно со Француската Crefad-Loire во реализација на проектот „Смеењето, едукативна алатка за секого“. Проектот беше финансиран од Европската Комисија, преку програмата Еразмус+ и собра на едно место 14 различни националности од Кавказ, Средоземието и Европа. Нашиот тим Елена Стојановска и Јован Сталевски, учествуваа на тренинг курсот „Јога за смеење, алатка за сите“. Тренинг курсто се одржа во малото Француско гратче Марле од 03 до 09 август 2014 година и на него учествуваа идни обучувачи од Македонија, Франција, Австрија, Португалија, Шпанија, Ерменија, Грузија, Грција, Јордан, Египет, Молдова, Романија и Турција. Целта на транингот беше да обезбеди алатки, знаење и искуство како да се водат и прилагодуваат сесиите со смеење со различни целни групи. Најголем предизвик за идните фасилитатори не беше да ја репродуцират само техниката на смеење, туку да се ослободат да се смеат без пречки и причина во средината во која работат. Концептот на смеење без причина е развиен од International School of Laughter и се користи како корпоративни обуки од Топ Менаџментот на многу познати Француски компании како: EDF, GDF, SNCF, TOTAL, Leroy Merlin, Adidas, Nike, Carrefour итн. Резултатите после овие тренинзи се: зголемување на грижата за клиенти, мотивираност за работното место, ослободување од стрес, градење на подобри односи во тимот, како и зголемено ниво на позитивна комуникација меѓу вработените. Благодарни сме на организаторите, како и на обучувачот Гин Пјер Фајет, за искуството, алатките и знаењето што ни го дадоа и што можеме да го примениме во нашите услуги и обуки. Погледнете го албумот со најинтересните моменти од тренинг курсот на нашата Фејсбук Фан Страница.

Вести

Фасилитирани сесии на онлајн курсот: “Beyond Silicon Valley: Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies”

Обучувачот и член на ЦЕФЕ Македонија, Јован Сталевски во текот на Ноември 2014 година беше фасилитатор на средбите во рамките на онлјан курсот: “Beyond Silicon Valley: Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies” кои се одржуваа во Американското Катче Битола. Овој масовен онлјан курс беше понуден на платформата Coursera: https://www.coursera.org/course/entpecon од страна на Професорот Michael Goldberg од Case Western Reserve University и го следеа над 20 000 лица од целиот свет. Во рамките на курсот беа разработени различни теми, односно како заедниците во транзиционите економии во светот функционираат, за да креираат раст на претприемаштвото кога ресурсите од приватниот сектор се лимитирани. На неделните средби во Американското катче се дискутираше каква е улогата на владата, универзитетите, бизнис ангелите, акселераторите, итн. во поддршката и развојот на претприемаштвото, беа разработени примери од различни економии, како и од македонската и кои мерки треба да се преземат за да се воведат креативни начини на поддршка на претприемаштвото во нашата држава. Овие средби беа посетени од претставници од образованиот, бизнис и невладиниот сектор.  

Вести

Кафе со Г-ин Пол Волерс

Нашиот тим учествуваше на настанот „Кафе со Дипломат“, одржана во Американско Катче Битола, каде што Г-ин Пол Волерс го сподели своето професионално искуство како дипломат. Тој исто така ја сподели и поддршката и енеергијата што ја црпел од своите предци и фамилија. Ние ги запознавме гостите и Г-инот амбасадор со нашиот проект „Зошто да одите надвор, кога може да останете и да ја развиете вашата земја“, кој започнува на 01 Декември 2014г. Г-инот амбасадор даде совет за младите Македонци да бидат истрајни во нивните цели, да патуваат, да учат јазици, комуникациски и ИТ вештини, и да уживаат во предизвиците кои ги нуди развојот на нивните заедници.

Вести

Обука за млади претприемачи во Вуковар, Хрватска

Обуката беше дизајнирана по светски познатата ЦЕФЕ методологија и водена од обучувачот од ЦЕФЕ Македонија, г-дин Зоран Витанов. Оваа е 4та ЦЕФЕ обука по ред, организирана од Youth Peace Group Danube YPGD, а финансирана од Министерство за социјална политика и млади на Р. Хрватска. Учесниците на тренингот имаа можност да се стекнат со вештини за тоа како да отворат бизнис или како да го развиваат веќе постоечкиот, на различни теми: развивање идеја, финансиско планирање, стратегија, итн.

Вести

ЦЕФЕ Македонија во светот

Во периодот, август – септември 2014, ЦЕФЕ Македонија соработуваше со своите партнери за развој на два проекти поднесени во прогргамата Еразмус+, во клучната акција за стратешки партнерства: Стратешки партнерства за градење на капацитетите на младите во светот, на проект за борба против невработеноста кај младите, насловен „ГЕТ ЈЕС“, соработувавме со нашите партнери од 4 континенти: “Platforma Aurea” од Чиле, Филипинската CEFE Network Foundation INC, Business Work Ltd од Јамајка и CEFE International од Германија. Стратешки партнерства во областа на младите, за креирање на проектот „Транзициски ресурси и кариерни услуги за млади со попреченост“, соработувајќи со партнерите од ЕУ: “ActGlobal” од Велика Британија, “ELIX – Conservation Volunteers” – Грција, “CEIPES” – Италија, “GÖNÜL ERLERİ” од Турција и “Centrul de Excelenta Academica” од Романија. Со ова искуство, нашиот тим ги зацврсти врските и соработката со нашата партнерска мрежа, покажа одлична посветеност во развој на проектите, како и резултати од истржувањата направени во облстите, следејќи ја мисијата за подобрување на компетенциите кај луѓето низ светот.

Вести

Потпишан меморандум за соработка со CEFE International Германија

ЦЕФЕ Македонија во текот на Август ја официјализира долгогодишната соработка со CEFE International Германија преку потпишување на Меморандум за соработка. Соработката предвидува заеднички настап во проекти, организација на обуки според ЦЕФЕ методологијата, развој на нови курикулуми и други активности за развој и раст на претприемаштвото. CEFE International Германија ја координира глобалната мрежа на ЦЕФЕ составена од околу 140 членки се цел да овозможи различни услуги како: развој на концепти; обука на обучувачи; адаптација, подготовка и реализација на курсеви; подготовка на прирачници; имплементација на проекти; мониторинг и евалуација, итн.