Вести

Вести, Медиа

Видеата од проектот “Инвестирај” премиерно на Тера Телевизија

Гледајте не секоја сабота, почнувајќи од 19 септември, во термин од 17.30 часот на телевизија ТЕРА www.tera.mk. За вас имаме кул видеа од кои што ќе дознаете од каде да најдете поддршка за вашата идеја за бизнис во Македонија. Видеата кои се дел од курсот “Развој на претприемништвото во транзициските економии“ ја раскажуваат Македонската приказна за развојот на претприемништвото и претприемачкиот екосисем. Тие се изработени во рамки на проектот „Зошто да одите во странство кога може да останете и да инвестирате во вашата држава“. Доколку го пропуштите премиерното прикажување може да ги гледате репризите или на нашиот ЈуТјуб канал http://bit.ly/BSVonlinecourseYT.

Вести

Како да се надминат стравот, агресијата, зависта и алчноста за успех во претприемништвото?

На 12 и 13 септември 2015 година во хотел Капри, Битола, се оржа обука која е единствена до сега на тема психологија во претприемништвото. Организатор на обуката е здружението ЦЕФЕ Македонија, а на неа присуствуваа повеќе од 90 претприемачи, студенти, мрежни маркетери и вработени во институции од цела Македонија. Темите кои се разработуваа се засноваа на емоционалната интелиганција во претприемништвото, поконкретно, негативните емоции (страв, алчност, агресија и завист) како пречка за успехот на претприемачите. Добивките кои што учесниците ги понесоа од оваа обука се: препознавање на негативните емоции кои се испречуваат пред успехот на претприемачот, алатки за нивно менаџирање и како да ги применат во секојдневното работење Учесниците и организаторите имаа чест да соработуваат со обучувачот Г-дин Сем Вакнин –  Светски експерт во областа на клиничката психологија, автор на многубројни светски бестселери на темата (вклучувајќи ја и “Malignant Self-love: Narcissism Revisited”), бизнис консултант, како и економски аналитичар и коментатор. Гостин говорник на обуката беше Г-дин Зоран Витанов.  Еден од основачите на ЦЕФЕ Македонија и виновник за успешноста на стотици претприемачи од Амстердам до Дубаи. Ова е една од темите која е најретко застапена и најоскудно дисеминирана во рамките на неформалното образование (семинари, обуки, работилници). Повеќето формални и неформални едукации ставаат акцент на вештините и компетенциите за водењето на бизнис, но многу мал процент се посветува на основата на тие бизниси – претприемачот и неговата психолошка подготвеност за успех (или неуспех).   Во медиумите: http://tera.mk/strav-zavist-agresija-i-alchnost-emitivni-prechki-kaj-pretpriemachot/ Фотографии: http://on.fb.me/1icfJJn

Вести

Создавање на првите онлајн ментори за потребите на Европскиот Волонтерски Сервис (ЕВС)

Тројца учесници од Македонија (Сања Тоневска, Дражен Котевски и Александар Алабаковски) учествуваа во проектот за создавање на онлајн платформа за обука на волонтери на евс (европскиот волонтерски сервис), а учесниците стануваат првите е-ментори на ЕВС. Во проектот свои претставници имаа 11 земји: Грција, Романија, Франција, Македонија, Бугарија, Шпанија, Полска, Грузија, Тунис,Украина и Ерменија. До сега, во рамки на проектот, се одржаа обука од 09-20 јуни во Лефкада, Грција како и обука од 10-20 август во Романија. Последната обука е закажана за првата половина на Октомври во Лефкада, Грција.     Проектот е финансиран од Ерасмус +, а неговата цел беше креирање на онлајн курсеви за идните волонтери. Курсевите се поделени на 10 различни теми, во согласност со потребите и преференциите на потенцијалните волонтери. Целта на курсевите е младите кои сакаат да волонтираат во некоја од земјите членки на ЕВС, да се здобијат со информации и предзнаења за активностите. На пример, еден од курсевите е насловен „Работа со лица со попреченост“. Во него се вклучени информации за различни видови на попреченост (физичка, психичка, слепи, глуви лица и тн). Исто така има и различни вежби и прашања кои потенцијалниот волонтер треба да ги одговори и да се здобие со сертификат за успешно завршената обука. На тој принцип се создадени и останатите 9 курса кои опфаќаат работа со стари лица, меѓукултурна соработка, евс и кариера итн. Вториот дел од проектот кој вклучува тестирање и евалуација на курсевите се одржа во Романија од  10-20 август. Завршните подготовки, пред финалното пуштање во употреба се во октомври, исто така на Лефкада. Проектот нуди многу бенефиции за сите инволвирани. Од една страна, тука се учесниците кои имаа можност да запознаат  различни култури и  секако да го дадат својот максимален придонес, секој во својата стручна област. Од друга, тука се сегашните и идни волонтери,. Тоа се млади луѓе кои најчесто одат во земји каде што се им е непознато, јазикот, културата, навиките, а дополнително треба да работат со одредена популација, па  овие информации им се од  огромно значење. И трета страна се партнерските организации, меѓу кои и ЦЕФЕ Македонија, кои имаат зајакнати капацитети да одговорат на новите потреби на Евсопскиот Волонтерски Сервис.

Вести

Како да ги надминеме психолошките пречки за успех на претприемачот?

Ве покануваме на обука која ќе се заснова на емоционалната интелиганција во претприемништвото, поконкретно, негативните емоции како пречка за успехот на претприемачите. Ова е една од темите која е најретко застапена и најоскудно дисеминирана во рамките на неформалното образование (семинари, обуки, работилници). Повеќето формални и неформални едукации ставаат акцент на вештините и компетенциите за водењето на бизнис, но многу мал процент се посветува на основата на тие бизниси – претприемачот и неговата психолошка подготвеност за успех (или неуспех). Главната цел на овој настан е да ве обучи и да ви даде знаења и вештини за: препознавање на негативните емоции кои се испречуваат пред успехот на претприемачот, алатки за нивно менаџирање и како да ги примениме во секојдневното работење Обуката е дизајнирана да се реализира во два дена, а целите ќе се постигнат во четири сесии составени од: предавање, прашања и одговори, вежби за практична примена на алатките. Темите на сесиите се следни: Страв Завист Агресија Алчност Кој ќе не обучува? Г-ин Сем Вакнин –  Светски експерт во областа на клиничката психологија, автор на многубројни светски бестселери на темата (вклучувајќи ја и “Malignant Self-love: Narcissism Revisited”), бизнис консултант, како и економски аналитичар и коментатор. Г-ин Зоран Витанов – Гостин говорник.  Еден од основачите на ЦЕФЕ Македонија и виновник за успешноста на стотици претприемачи од Амстердам до Дубаи. Кога ќе се одржува? 12 и 13 септември (сабота и недела) од 10:00 до 17:30 часот Каде? Хотел Капри – Битола Што добивам дополнително? Секој кој што успешно ќе ја заврши обуката (активно присуство на најмалку 80% од обуката) се стекнува со сертификат издаден од ЦЕФЕ Македонија и потпишан од обучувачите; Материјали во печатена и електронска форма; Листа на контакти за ваше идно вмрежување и соработка; СПЕЦИЈАЛЕН ПОДАРОК од Г-ин Сем Вакнин – сите учесници ќе добијат 40 електронски книги од неговото творештво, кои што може да ги користите во вашиот континуиран личен и професионален развој; ПОДАРОК од ЦЕФЕ Македонија – видео курс во кој ќе најдете информации за грантови и поддршка за реализација на вашите бизнис идеи. Важно: Обуката ќе се одржува на англиски јазик. Колку треба да инвестирам за себе? Реалната цена на чинење за овој тип на обука е повеќе од 9.000 денари по учесник. Благодарение на Г-ин Сем Вакнин и Г-ин Зоран Витанов, оваа обука ќе ви биде овозможена само со инвестиција од само 770 денари* во основни трошоци!!! Како да се пријавам? Пријавувањето (пополнете ја електронската пријава) и потврдата на учество се врши до 01 септември 2015 година. Контактите на организаторот на настанот ЦЕФЕ Македонија се следни: 078/437267 Јован Сталевски; 078/201854 Елена Гагачева; info@cefe.mk Ве молиме, Вашето присуство да го потврдите со уплата од 770 денари* на долната сметка најкасно до 01 септември 2015 година. Банкарски податоци: ЦЕФЕ Македонија НЛБ Тутунска Банка АД Скопје Жиро сметка број:  210 063 771 060 147 Адреса: ЦЕФЕ Македонија „Никола Парапунов“ 33/57, 1000 Скопје Република Mакедонија Цел на дознака: Обука Сем Вакнин * Цената на чинење на обуката е по учесник, во група од 60 лица. ЦЕФЕ Македонија го задржува правото на одложување и комбинирање на термините во случај на недоволно пријавени учесници. Во случај на поголем број пријавени кандидати ЦЕФЕ Македонија го применува принципот „first come – first served“ (во случајот: прв пријавен – прв услужен). Во политиката на работа на ЦЕФЕ Македонија нема исклучоци при плаќањето на надомест за учество доколку лицето отсуствува на дел од обуката или е претставник од здружение на граѓани.

Вести

Развој на претприемништвото во транзиционите економии – Македонската приказна

Насловот на статијата е името на фасилитираниот курс кој се одржува во Американското Катче -Битола од 23ти јули до 17ти август 2015. Содржината и материјалите од курсот се претставени на http://bit.ly/BSVonlinecourse. Патот по кој што претприемачите мораат да поминат, за да ги развијат своите компании, не секаде во светот е ист и лесен. Повеќето пазари во светот не наликуваат на Силиконската Долина, и никогаш нема да бидат. Но постојат многу други модели за поддршка на бизнисите. Во транзиционите економии, како Македонија (каде претприемачкиот екосистем е сеуште во зародиш), јавните државни институции, заедно со донаторите и останатите бизниси експериментираат со креативни пристапи за да го поддржат развојот на компании. Во текот на овој курс ќе се запознаете со пристапот и поддршката што се нуди на Македонските претприемачи. Курсот ќе се состои од 6 фасилитирани сесии (23, 27 и 30 јули, 10, 13 и 17 август – сите со почеток од 18 часот). Овој курс е бесплатен и отворен за сите, и вклучува серија на интересни видео интервјуа и разговори со претприемачи од различни делови на земјата, основачи, лидери како и деловни експерти. На крај од секое видео ќе дискутираме и ќе презентираме информации од искуството на фасилитаторите Јован Сталевски и Елена Стојановска, како и групата на учесници. Ќе учиме и преку пишување на есеи и квизови на темите од курсот. Ќе научите за потеклото на претпримништвото и таа култура на овие простори, ќе увидите како во изминатите години, преку државните фондови, беа креирани и спроведени големи програми за поддршка и креирање на вработувања преку самовработување и советување. Ќе запознаете претприемачи кои ризикувале и успеале да искористат ресурси од тие фондови и ги развиле своите компании, и сега го споделуваат своето исксуство со вас. Ќе се запознаете со компании од информатичката технологија до земјоделци кои се соочуваат со истите предизвици и успеси и кои направиле македонски и светски брендови. Исто така многу професионалци од областа на претприемништвото ќе го споделат своето искуство и совети за идните претприемачи преку нивни приказни од профеионалниот и реалниот живот. Повеќето масивни отвоени онајн курсеви презентираат предавања од професори, но овој курс е сосем различен. Не очекувајте дека ќе гледате професори или еден човек кој ќе врти слајдови на презентација и ќе зборува половина час. Говорниците ќе имаат кратки говори на одредерна тема и тоа ќе биде обично нивно искуство, на разбирлив јазик, и повеќе може да ви се чини како да гледате поучен и интерактивен докуемнтарен филм отколку да следите предавање. На крај од курсот учесниците ќе се здобијат со сертификат од ЦЕФЕ Македонија. За сите заинтересирани кои сакаат да се приклучат на курсот ве молиме обратете се до фасилитаторите: Јован Сталевски j.stalevski@cefe.mk и Елена Стојановска elenafamis@gmail.com Доколку сакате да ги проширите вашите хоризонсти и надвор од Македонија, ви препорачуваме да се регистрирате и на масивниот отоворен онлајн курс на Курсера и да научите за претприемачкиот екосистем и во Грција, Охајо – САД, како и други региони во светот. Горди сме да додадеме дека за прв пат, еден масивен отворен онлајн курс (MOOC) на платформата Coursera ќе биде зајакната и со содржина наменета за македонската публика. Видеата во овој онлајн курс се произведени како дел од проектот “Зошто да одите во странство, кога можете да останете и да инвестирате (развивате) во вашата земја” а се инспирирани и дизајнирани според стандардите од големиот отворен онлајн курс предводен од професор д-р Мајкл Голдберг од Case Western Reserve University “Beyond Silicon Valley: Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies”. [Best_Wordpress_Gallery id=”2″ gal_title=”Makedonskata-prikazna”]

Вести

Заклучоци и информации од конфернција „Јакнење на претприемачкиот екосистем во Р.Македонија“

Економските актери и креирачите на политики во Македонија нон стоп бараат решенија за да создадат нови работни места и да го стимулираат економскиот раст. Во таа цел најпотребно е креирањето на нови и иновативни компании, но сеуште многу предизвици стојат при нивното креирање и развивање.  Преку оваа конференција имавме за цел да придонесеме кон: – идентификување на сегашните и идните актери во претприемачкиот екосистем, – потенцирање на некои од бариерите за креирање и развој на новите компании, и како да ги решиме, – идентификување на чекори што креирачите на политики можат да ги превземат за развој на претприемачкиот екосистем во државата, – пронаоѓање на иновативни идеи за соработка меѓу актерите во системот, што би резултирало со висок раст на претприемништвото. На конференцијата присуствуваа: студенти, вработени, невработени, потенцијални и постоечки претприемачи, претставници на институции кои го поддржуваат претприемништвото, финансиски институции, здруженија на граѓани, јавни институции за креирање на политики, лидери и претставници на бизнис инкубатори, акселератори, бизнис ангели, кредитни фондови. Програма (превземи детална програма) Сесија 1: Клучни актери во Македонскиот претприемачки екосистем Факт е дека претприемништвото процветува во околина каде што има функционален претприемачки еко систем составен од: микс на стартап компании, големи компании, универзитети, финансиски фондови, силни институции, истражувачки центри и пазар. Секако тој зголемен интерес за „претприемачки екосистем“ се јавува во многу држави и региони по светов, бидејќи сите сакаат да креираат нешто налик Силиконската Долина. Паралелна Сесија 1.1 Модератор: Наташа А. Алабаковска * Улогата на бизнис акселераторите и бизнис ангелите за развој и поддршка на претприемаштвото во Македонија? * Улогата на филантропијата во поддршка на претприемништвото? * Каде сме и што треба да се подобрува? Говорници: Јован Маџовски – Регионален директор на ЦЕЕД за Македонија, Албанија, БиХ, Молдавија и Србија Никица Кусиникова – извршнa директорка на здружението за промовирање и за поттикнување општествена одговорност на претпријатијата „Конект“ Паралелна Сесија 1.2 На почетокот од оваа сесија модераторот Проф. Д-р Мимоза Богданоска Јовановска ја претстави темата на сесијата и говорниците: * Како Универзитетите ги мотивираат студентите да размислуваат претприемачки * Како посредничките организации го развиваат претприемаштвото (Бизнис Центри, Бизнис Инкубатори, Технолошки паркови, финансиски институции, итн.) * Каде сме и што треба да се подобрува – од апсект на креирање на нови претпријатија? * Какви активности се потребни за подобрување на екосистемот? Говорници: Константин Петковски (презентација) – Професор на Техничкиот факултет во Битола Виолета Николова (презентација) – МБА, Директорка на Центар за жени претприемачи Скопје Петар Котевски – Претставник на бизнис сектор – сопственик на компанија за производство на видео игри „Камај Медиа“ – Битола Сесија 2: Политики за промовирање и јакнење на претприемачкиот екосистем во државата Политиките и законите играат голема улога во развојот на претприемачкиот екосистем и соработката меѓу актерите во него. Меѓутоа потребни се докази за да увидиме кои пристапи, програми и политики се ефикасни и даваат резултати. Во оваа сесија, инволвираните во креирањето на тие политики ги пренесоа своите искуства, погледи и практики. Модератори: Наташа А. Алабаквска и Мимоза Б. Јовановска * Кој е најсвежиот пример на политики кои го поттикнале развојот на претпремништвото во Македонија? * Што прават државните институции за поттикнување на претприемаштвото? * Примери на политки кои биле ефективни или неефективни? * Кои од предложените идеи и политики би можеле да бидат прифатени од парламентот и како тие би се спровеле најефикансо? * Кои политики или олеснувања можат да се најефективни во соработката на стартапите со државните институции и големите компании? Говорници: Јешим Сејфуловска (презентација) – Раководител на Центар за вработување Битола Јасмина Поповска (презентација), – Директор на Фонд за иновации и технолошки развој Виолета Налевска (презентација) – Раководител на сектор за локален економски развој, Општина Битола Зоран Витанов – Косопственик на ДОО Трејд Консалтинг, и коосновач на „ЦЕФЕ Македонија“ Материјали од конференцијата: * Крајни заклучоци и препораки за развој на претприемачкиот еко систем во Македонија * Агенда на настанот * Биографии на говорниците * Завршна презентација со претставување на резултатите од проектот „Зошто да одите во странство кога може да останете и да инвестирате во вашата земја“ * Едностран приказ на реззултати од проектот Медиуми: * Прес клипинг (TV Orbis, Dnevnik) * Фотографии – CEFE Macedonia Facebook fan page Практични информации: * Време на одружвање на конференцијата: 19.06.2015 * Место: Хотел Капри – Битола * Контакт: Јован Сталевски, менаџер на проектот j.stalevski@cefe.mk