Вести

Вести

Транснационален состанок на партнерите од VOCCESS

На 04 и 05 август 2020, ЦЕФЕ Македонија беше домаќин на интернационален состанок со партнерите од проектот VOCCESS Онлајн.  Целите на состанокот е да се презентираат резултатите од произведените едукативни материјали и проверка на фазата на известување и дисеминација на резултатите. Во првиот ден партнерите споделија резултати од тестирањето и реализацијата на обуки за кариерен развој, а со тоа и: Потврда на квалитетот на методологијата VOCCESS за кариерен развој, дека функционира и е прифатена од младите луѓе; Потврда на квалитетот на онлајн едукативните материјали за кариера, за кои што младите кажаа дека ги поттикнале да размислуваат за нивната професионалан кариера, Тестирање и употреба на апликацијата за кариерно профилирање на Андроид и IOS уреди, каде што младите добија свои профили за своја идна кариера според нивните интереси, пасии, вредности, способности и вештини. Вториот работен ден е посветен на стратегии за проширување на резултатите надвор од партнерските земји, како и до институции и организации за кариерно насочување на младите во Европа. Следна средба меѓу партнерите е планирана во Ноември 2020 во Валенсија, Шпанија, каде што ќе се финализираат целите и резултатите.  Voccess Online – Erasmus+ KA2 Project е дел од Erasmus+ програмата и е поддржан и ко-финансиран од Европската унија.

Вести

Идните фасилитатори подготвени за спроведување на работилници за кариерен развој

Во рамките на Voccess проектот, а во организација на ЦЕФЕ Македонија, на 25.07.2020 година се одржа онлајн сесија за подготовка на идните фасилитатори за спроведување на работилници за кариерен развој. Подготвителната обука се одржа преку онлајн платформата Zoom. Сесијата ја водеше Јован Сталевски-интернационален ЦЕФЕ обучувач, а на обуката присуствуваа Благој Трајков – проектен координатор и ЦЕФЕ обучувач, како и ЦЕФЕ обучувачите: проф. Оливера Горгиева-Трајковска-декан на Економски факултет при УГД Штип, проф. Емилија Митева- Кацарски – про- декан на Економски факултет при УГД Штип, проф. Маја Давкова- професор по физика и проф. Валентина Зафироска- професор по математика, како фасилитатори на обуките. Работилниците се наменети за кариерен развој на млади и истите​ нудат поддршка на младите во процесот на откривање, создавање и поставување на темелите на личниот развој. Ќе се одржуваат за 60 млади студенти и ученици во периодот 28 до 31 јули 2020. Следете не за повеќе инфо. Voccess проектот е дел од Еразмус + програмата и е поддржан и ко-финансиран од Европската унија.

Вести

Онлајн состанок со партнерите на ZEUS

На 17.07.2020 година, партнерските организации во рамките на проектот Erasmus+ KA2 Strategic Partnership in the field of VET `Zooming Expressions Unitary Study” (Еразмус + КА2 Стратешко партнерство од областа на стручно образование и „Унитарна студија за зумирање на изрази“) одржаа онлајн состанок за усогласување на активностите и визијата на проектот според состојбата со пандемијата со цел да се зголеми влијанието на резултатите од самиот проект. Домаќин на онлајн состанокот беше организацијата Trainifique – Романија која е координатор на проектот, со учество на организациите: Инфор Елеа – Италија, ЦЕФЕ Македонија и Соларис – Германија. Партнерите остануваат посветени на севкупната цел на проектот, да развијат специфични компетенции на обучувачи за тоа како тие треба да дејствуваат, да предаваат и обучуваат на невро-лингвистички начин и како можат да ги подобрат своите знаења и да стекнат самодоверба преку дигитални вежби кои имитираат реалност. Проектот главно ќе влијае на обучувачите од областа на стручното образование и обуките во Романија, Македонија, Германија и Италија во периодот од 01 декември 2019 година – 30 ноември 2021 година. Во втората фаза од проектот, конзорциумот предвидува резултатите да влијаат на обучувачите од целиот свет. Во следниот краткорочен период, ова стратешко партнерство ќе работи на конкретни цели: Управување на тимот и правење истражување како прв дел од креирањето на научната книга за обучувачи „Мимика“. Организирање на партнерите и експертски состанок во Германија во септември 2020 година. Ги покануваме сите заинтересирани страни кои се занимаваат со зајакнување на обучувачите и едукаторите од областа на стручно образование и обуките да не контактираат на info@cefe.mk за да го зголемат влијанието на овој проект.

Вести

Повик за избор на фасилитатори за работилници за кариерен развој на млади

Работилница 28 Јули – 31 Јули 2020 | ЦЕФЕ Македонија спроведува повик за избор на 4 фасилитатори во рамките на проектот VOCCESS, проект во рамките на Еразмус + програмата, поддржан од Европската унија. Работилниците  се наменети за кариерен развој на млади и истите нудат поддршка на младите во процесот на откривање, создавање и поставување на темелите на личниот развој – во што сум добар, кои се моите вредности, кои се моите ограничувачки верувања кои ме запираат; кои се моите соништа и цели. Ова се рефлектира во VOCCESS модулите и видеата за учење. VOCCESS ги поддржува корисниците во развивање и негување навики за успех, совладување вештини и ставови за да успеете во животот: образование, кариера, социјална активност, волонтерство, самоизразување. VOCCESS создава и можност за младите луѓе да ги следат своите соништа или да развијат вештини преку низа предизвици и алатки за планирање и поставување на цели. Во овој поглед, VOCCESS не само што овозможува себе – спознавање, туку дава и можност младите да дејствуваат врз основа на својот личен развој. Која е целта на работилниците? По успешно завршување на работилниците, младите учесници ќе умеат: Да се спознаат себеси и да направат план за својата посакувана кариера Да  осознаат кои се нивните таленти, карактеристики, вредности, пасии и способности и да увидат како тие влијаат на нивниот избор на професија Да си направат сопствена рефлексија на своите јаки страни  Да добијат визија за својата посакувана кариера За кого е наменет овој повик? Повикот е наменет за фасилитатори и едукатори на млади и соработници на ЦЕФЕ Македонија Потребни квалификации за аплицирање: За аплицирање за фасилитатор во рамки на VOCCESS проектот се потребни следниве квалификации: Работно искуство како фасилитатор или едукатор на млади ученици и студенти Основно познавање на англиски јазик Очекувани активности од фасилитаторите: Да регрутираат група од 15 млади на возраст од 14-27 години заинтересирани за учество на работилниците Да учествуваат на подготвителната сесија пред почетокот на работилниците (сесијата е планирана да се реализира на 25.07.2020) Да реализираат онлајн работилница во траење од 8 часа, поделена во три сесии во периодот од 28.07.2020 -31.07.2020 Да вршат евалуација на работилницата по секоја сесија и да известат за резултатите од работилницата ( до 01.08.2020) Работен јазик : Македонски Времетраење и методологија на обуката: Работилницата ќе се реализира онлајн, во 3 делови (модули), при што секој модул ќе трае приближно 3 часа.  Вкупното времетраење на целата обука е 8 часа, распоредени во 3 дена (28.07-31.07.2020). Во рамките на проектот е предвидено да се опфатат вкупно 60 млади ученици и студенти, односно да се реализираат вкупно 4 работилници. Секоја работилница ќе се реализира низ следниве модули: Модул 1 – Основи на мојата кариера – Кој/а сум јас? Модул 2 – Моите зони на генијалност – Во што сум добар/а? Модул 3 – Визија за својата кариера, цели и план Секој учесник ќе добие материјали и примери за работа произведени во рамките на VOCCESS проектот.  Пријавување и потврда на учество За да аплицирате за фасилитатор на работилниците ве молам пополнете ја онлајн апликацијата на нашата страна. Линк до апликацијата:      Краен рок за аплицирање: 17.07.2020 Критериумите за избор на фасилитаторите ќе биде понуден квалитет во однос на цена. Организатор: ЦЕФЕ Македонија (www.cefe.mk) Информации за обуката:  Благој Трајков Тел: +389 71 324 959 E-Mail:  blagoj.t@cefe.mk Јован Сталевски Тел:+389  78 437 267 E-Mail: info@cefe.mk Работилницата е дел од проектот “ VOCCESS”, ко-финансиран од Европската Унија Спроведувач: ЦЕФЕ Македонија

Вести

ЦЕФЕ центрите во Македонија зајакнати со дополнителна вредност за пишување на проектни предлози

Во петокот на 26.06.2020 година, ЦЕФЕ Македонија успешно ја реализираше ZOOM сесијата Кои се “купувачите” на вашите проектни предлози? – Евалуаторите!, во рамки на проектот “Креирање на регионални центри за претприемништво во Источна Македонија“, кој е поддржан од Амбасадата на САД во Скопје, Македонија. Како специјални гости на оваа обука беа двајцата евалуатори на Еразмус+ проекти: Александра Глигорович од Црна Гора и Волкан Мудерисоглу од Турција кои имаат богато искуство како проектни менаџери, евалуатори на проекти, едукатори, младински работници и лидери! Учесниците на оваа сесија имаа можност преку дискусија со гостите евалуатори да се запознаат со клучните работи кои што се важни при пишување на успешни проектни предлози кои што ќе бидат грантирани. На онлајн обуката се разговараше на следните теми: – Критериумите за оценување проекти во Еразмус + – Како оди техничката оценка и процедурите – Што вреднуваат евалуаторите најмногу во проектите – Што не сакаат и не треба да читаат во проектните предлози Главната цел на оваа сесија беше преку информативни совети да се зајакнат ЦЕФЕ центрите во Македонија со цел се подобри пишувањето и управувањето на европски проекти.

Вести

Усогласување на проектните активности за време на „Ковид-19“ пандемијата

Претставниците на партнерските организации во рамките на прoектот Еразмус + КА2 Стратешко партнерство од областа на едукацијата за возрасни – „Одржлив развој преку спорт“, одржаа онлајн состанок за усогласување на активностите и визијата на проектот според состојбата со пандемијата со цел да се максимизира влијанието на резултатите од проектот. Онлајн состанокот беше организиран од страна на организацијата ИКОС – Турција која е координатор на прокетот со учество на организациите, Спортот во Истанбул, ЦЕФЕ Македонија, ПОВОД – Словенија и Интеркултура – Франција. Партнерите останаа посветени на основната цел на проектот, а тоа е да ги развијат клучните компетенции и да го подигнат знаењето за Целите за одржлив развој на ООН на наставниците / обучувачите за возрасни и да креираат инклузивни канали за жените кои не се дел од образовниот процес и се невработени со цел да го зајакнат општеството преку користење на спортот на локално и меѓународно ниво. Во следниот краткорочен период, ова стратешко партнерство во областа на едукацијата за возрасни ќе работи на следните специфични цели: Да се одржат трибини, истражувања и состаноци со засегнатите страни за да се откријат / анализираат предизвиците што доведоа до исклучување на невработените жени и оние кои што не се дел од едукативниот процес во земјите партнери. Да се вклучат спортски работници, обучувачи и експерти за да се зголеми знаењето на наставниците / обучувачите за возрасни во контекст на врската помеѓу „Клучните компетенции на програмата Еразмус + и Важноста на доживотното учење“ и Целите на Одржливиот развој на ООН. Потербно е да се изработи Прирачник за наставници за возрасни, „Развој на алатки преку спорт“. Да се организира тренинг курс за наставници за возрасни што ќе се одржи во октомври 2020 година во Франција. По состанокот на партнерите во Македонија, во септември 2020, партнерството ќе продолжи со други специфични цели: Да се зголеми употребата на разни спортски алатки во областа на едукацијата за возрасни. Да се зголеми компетентноста на наставниците и обучувачите за возрасни за различни теми како што се иновации и претприемништво, социјално, културно и активно граѓанство. Да се создадат инклузивни платформи предводени од и за жените со цел да се борат со исклучокот на родова основа за да се постигне „Самоизразување, социјално и граѓанско учество и индивидуални процеси на учење преку создавање спортски можности. Ги покануваме сите заинтересирани страни кои се занимаваат со спортот како алатка за едукација да постигнат одржлив развој преку родовата правда и оние кои се борат со родова-исклученост кои ги спречуваат невработените жени и жените кои што не се дел од образовниот процес да ги зајакнуваат нашите општества, можат да не контактираат на info@cefe.mk со цел да се постигне влијанието на овој проект да биде поголемо.