Вести

Вести

Обуки во Словачка како дел од проектот Employability in Progress

Во периодот од 15.08.2022 до 23.08.2022 година во Кошице, Словачка се одржаа обуки како дел од проектот Employability in Progress. Домаќин на проектот беше EDUSTEPS, а имплементиран во соработка со INPRO, GEYC, CEFE Macedonia, MVNGO, Long-Term Planning. Учесниците од Македонија беа поддржани од ЦЕФЕ МАКЕДОНИЈА. Како дел од овој проект, двајцата учесници кои ја претставуваа нашата земја имаа задача да спроведат активност, со цел да го пренесат знаењето што го стекнаа на обуката. На 19 септември се одржа работилница и панел дискусија на тема „Како да се реши проблемот со иселувањето на младите од Македонија?“. Беа презентирани актуелните економски проблеми со кои се соочува нашата земја, а потоа се бараа решенија за конкретни проблемски ситуации од кои се разви плодна дискусија.

Вести

Обука за обучувачи наречена „Микро Бизнис Игри“

Замислете вие сте продавница за природни сокови во земја наречена „Кулија“, каде произведувате свежо цедени сокови.  Пред една година се мислевте вашето хоби да го претворите во одржлив бизнис. Зедовте мал заем (кредит) од локалната банка и започнавте со вашата продавница. Се ви оди успешно и откривате дека во овој бизнис има потенцијал. Ова е воведот во обуката за обучувачи наречена „Микро Бизнис Игри“, каде што 20 учесници од Македонија и Албанија се во чевлите на претприемачот опишан погоре и преку реална симулација во виртуелна средина се натпреваруваат како да го направат својот бизнис за свежо цедени сокови уште поуспешен. Идните обучувачи за Микро Бизнис Игрите се од ЦЕФЕ Македонија, ЗАЕМ, Џуниор Ачивмент Македонија и Албанија, Импакт Фондација и МКА 2000. Тие се надоградуваат како во периодот ноември – декември 2022 година да обучуваат потенцијални и постоечки претприемачи во Македонија и Албанија.   Она што ќе научат да го пренесуваат на другите е: Зголемување на финансиското и претприемачкото знаење за започнување мал бизнис и негово водење со разбирање на основните сметководствени принципи и примена на едноставни финансиски алатки како што се прогнози за продажба, готовински текови, биланси и биланс на добивка и загуба. Да ја разберат улогата на различни деловни актери како што се добавувачите и клиентите, заемодавачите и регулаторите, дефинирајќи ги целите и стратегиите за справување со секоја заинтересирана страна Да идентификувате нови деловни можности со влегување на нови пазари или воведување дополнителни производи Управување со неочекувани настани и ризици, планирање на инвестиции и работете со финансиските институции и нивните производи Заедно со искусните тренери од Германија, сложените ситуации се разбиваат, опциите за одлуки и најдобрите решенија активно се дискутираат во групи и се поставуваат наспроти реалната деловна практика Оваа обука за градење на капацитети за финансиска писменост во Македонија е овозможена прекуGerman Sparkassenstiftung North Macedonia  за интернационална соработка. Доколку сакате на интерактивен и забавен начин да искусите и научите како да водите мала фирма пријавете се за обуките што следат во ноември и декември на следниот линк https://forms.gle/uNCRV4fNiYwDEKDe9

Вести

ОТВОРЕН ПОВИК: “Erasmus+ Days“ 2022

ЦЕФЕ Македонија организира онлајн настан по повод ЕРАСМУС Денови на 15ти Октомври 2022 од 14:00 до 16:00 часот (Централно Европско Време). Целта на настанот е да се информираат ЦЕФЕ практичари низ светот за можностите што ги нуди Ерасмус+ за взаемна соработка на проекти за период 2023-2025. Агендата содржи: Кој е организатор на настанот? – ЦЕФЕ Македонија Како ЦЕФЕ Македонија и нашите клиенти имаат бенефит од Ерасмус+ програмата? Што е Ерасмус+, како програма вредна повеќе од 30 билиони евра? Кои се програмите што се нудат за соработка помеѓу Европа и државите од Америка, Африка и Азија, особено во проекти од поле на – младина, развој на вештини, иновации и полиси? Каде може да се најде упатство и алатки за Ерасмус+? Повик за акција за 2023. Модератори и говорници на настанот ќе бидат: Јован Сталевски и Благој Трајков Како да се регистрирате: https://forms.gle/3MAWJD5JiohtNCqt6 Регистрацијата трае до 12ти Октомври! Контакт и инфо: Сара Цветковска+389 78 714 993

Вести

Успешно се одржа првата Глобална ЦЕФЕ Конференција за Претприемништво 2022

На 25 и 26 август 2022 година во Скопје, Македонија претприемачите и идните претприемачи, лидери, едукатори, претставници на граѓански организации, влади и институции, заедно го прославија претприемништвото! Со големо задоволство пречекавме повеќе од 100 гости од 5 различни континенти, на првата Глобална ЦЕФЕ Конференција за Претприемништво, која се одржа во хотел Панорамика во Скопје, Македонија. НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ПРОСЛАВИВМЕ: -15 години пријателство и соработка од формирањето на ЦЕФЕ Македонија; – 25 години откако ЦЕФЕ Методологијата гради компетентни економии во Македонија и Југоисточна Европа; – Македонија е домаќин на меѓународна ЦЕФЕ конференција за прв пат по 30 години; – Поддржувачи и придонесувачи во претприемачкиот екосистем; – Претприемачи кои создаваат нова вредност за сите нас; – Еразмус + програма и проект „Глобална размена и обука за вработување на млади 2“ ПРЕДНОСТИ ЗА ПРИСУТНИТЕ: – Вмрежување и пријателства со луѓе од целиот свет – Добри практики за вмрежување на претприемачите – Учење за финансиските можности за реализација на проектни идеи; – Запознавање и вклучување во креирањето на ЦЕФЕ стратегијата за 2030 година; – Официјални сертификати за учесниците на конференцијата – И што е најважно, забава и создавање на убави спомени; На конференцијата имаше инспиративни разговори од претприемачи и лидери кои ги споделија своите размислувања и практики за нивните инспирации, идеи и нивните искуства во надминувањето на предизвиците, а вие учесниците добивте шанса да се поврзете со други истомисленици кои сакаат да научат повеќе за претприемништвото и економски развој низ целиот свет! Конференцијата беше дел од проектот GET YES 2 финансиран од Еразмус+ програмата.

Вести

ИНТЕРВЈУ: Зоран Витанов – “ЦЕФЕ ве учи како да размислувате и делувате како претприемач“

Прочитајте го интервјуто со Зоран Витанов, еден од основачите на ЦЕФЕ Македонија, лидер, визионер и креатор на претпримачи. Тој ќе биде еден од говорниците на Глобалната ЦЕФЕ Конференција за Претприемништво која што ќе се оддржи на 25 и 26 август во Хотел Панорамика во Скопје.  Како еден од ко-основачите на ЦЕФЕ Македонија, можете ли накратко да ни кажете како започнува приказната на ЦЕФЕ кај нас?  CEFE приказната во Македонија започна во далечната 1997 година, кога се одржа првата обука под покровителство на Германската банка за меѓународни порамнувања Deutsche Ausgleichsbank и германската државна агенција GTZ. Таа обука траеше интензивни 30 дена, од кои произлегоа првите потенцијални ЦЕФЕ тренери.  Што е она што успеа да го направи ЦЕФЕ и ЦЕФЕ Методологијата со своето работење во регионот во областа на претприемништвото? ЦЕФЕ ја подигна свесноста и важноста од претприемништвото, бидејќи времето во кое што се појави беше време на транзиција од планско општество во општество на слободно пазарно тргување. Колективната свест на регионот пред појавата на ЦЕФЕ беше непроменета, а условите беа нови. Слободно можам да кажам дека улогата не ЦЕФЕ беше значителна во промената на колективната економска свест. Која е главната цел на работењето на ЦЕФЕ?  Главната цел на ЦЕФЕ е обука на претприемачки вештини и охрабрување на луѓето да влезат во претприемничките води, наместо да чекат вработување или да работат на безперспективни монотони работни места. Дамата кратенка значи Креирање на претпријатија преку оформување на претприемачи. Што е она што ја прави ЦЕФЕ Методологијата успешна низ светот? Тајната на успехот на ЦЕФЕ Македонија е дупликацијата на компетентни обучувачи по ЦЕФЕ методата. Мислам дека нема континент каде што македонските ЦЕФЕ тренери немаат реализирано успешни обуки. Според моите сознанија за сега единствено во Австралија се уше немаме реализирано обуки. Тајната на сама методологија, пак, е во тоа што применуваме искуствено учење. Ученикот го претвораме во учеСник на симулирани ситуаци од реалната економија. Зошто препорачувате на секој млад, амбициозен и успешен човек дека треба да ја посети Глобалната ЦЕФЕ Конференција за Претприемништво? Мене ЦЕФЕ комплетно ми го смени животот. ЦЕФЕ ве учи како да размислувате и делувате како претприемач. Да сакате да се занимавате со личен бизнис, а да не се обучувате по ЦЕФЕ метода е како да сакате да пукате со пушка, а да не нишанете! Не пропуштајте оваа одлична можност да бидете дел од оваа конференција каде што ќе имате можност да научите многу за претприемништвото и да се вмрежите со луѓе од целиот свет.  Пријавете го Вашето присуство на линкот https://forms.gle/1rFB4pucUSy6PDqT8 Прочитајте повеќе за конференцијата на линкот: https://bit.ly/3B3IELO Агендата за настанот можете да ја погледнете на следниот линк: https://bit.ly/3zrTVoa

Вести

Глобална ЦЕФЕ Конференција за Претприемништво 2022

Претприемачи и идни претпприемачи, лидери, организации и институции, Ве покануваме заедно да го славиме претприемништвото! Со големо задоволство сакаме официјално да Ви ја најавиме првата Глобална ЦЕФЕ Конференција за Претприемништво, која ќе се одржи во Хотел Панорамика во Скопје, Македонија на 25 и 26 август, 2022 година.   КОНФЕРЕНЦИЈАТА ЌЕ ГИ СЛАВИ 15 години пријателство и соработка од формирањето на ЦЕФЕ Македонија; 25 години откако ЦЕФЕ Методологијата гради компетентни економии во Македонија и Југоисточна Европа;  Македонија за прв пат во 30 години е домаќин на интернационална ЦЕФЕ конференција; Поддржувачите и придонесувачите во претприемачкиот еко систем; Претприемачите кои креираат нова вредност за сите нас; Еразмус + програмата и проектот „Глобална Размена и Обуки за Младинско Вработување 2“ ЗОШТО ДА НИ СЕ ПРИДРУЖИТЕ? Да се вмрежите и создадете пријателства со луѓе од светот; Да понесете добри практики за поддршка на претприемачите; Да научите за финансиски можности за реализација на вашите проектни идеи; Да се запознаете и вклучите во ЦЕФЕ стратегијата за 2030 година; Ќе добиете официјален сертификат за учество на конференцијата и најважно од се, да се забавувате и да понесете убави спомени; На настанот ќе има повеќе од 70 гости од 5 различни континенти. Запознајте ги и вмрежете се со нашите говорници и лидери: Марлинде Баренз (Германија) – претприемач и директор на ЦЕФЕ Интернационал; Зоран Витанов (Македонија) – лидер, визионер и креатор на претприемачи. Еден од основачите на ЦЕФЕ Македонија. Игор Разборник (Словенија) – иноватор, лидер и визионер за општествен развој. Сопственик на консултантска куќа SMART IDEA. Ангелита Резорекшн (Филипини) – посветен лидер и визионер во градење на претприемачки вештини кај децата во Филипини. Соосновач на „ЦЕФЕ Филипини – АДФЕК“ и приватно основно училиште „Олд Балара Кришчн Комјунити Скул“ Лаура Гајосо (Венецуела) – обучувач, претприемач и основач на „ЦЕФЕ Венецуела“ Мустафа Ердоган (Турција) – академик и лидер во развојот на искуственото учење во светото. основач на „Центарот за искуствено учење во Турција“ и многу други гости… Конференцијата ќе содржи инспиративни разговори од претприемачи и лидери кои ќе ги споделат своите размислувања и практики за тоа нивните инспирации, идеи и нивните искуства во пребродување на предизвиците, а вие ќе добиете шанса да се поврзете со други истомисленици кои сакаат да научат повеќе за претприемништвото! Агенда за настанот погледнете ја на следниот линк: https://bit.ly/3PoRzvL Резервирајте го вашето учество на една од следните форми: Форма за пријавување на англиски јазик  https://bit.ly/3yLMPJC  или Форма за пријавување на македонски јазик https://forms.gle/1rFB4pucUSy6PDqT8  Пријавување и информации кај организаторите: Сара Цветковска 078 714 993 info@cefe.mk Благој Трајков 071 324 959 blagoj.t@cefe.mk  Глобалната ЦЕФЕ Конференција за претприемништво е дел од проетктот GET YES2 (Global Exchange and Training for Youth Employment Services 2), финансиран од Еразмус+ програмата.