Вести

Вести

Повик за учество на обука за бизнис вештини во Битола

ЦЕФЕ Македонија во рамки на проектот ГЕТ ЈЕС (Глобална Размена и Тренинг за Услуги за Младинско Вработување) ве поканува на втората обука за претприемништво и бизнис планирање, во Битола. Главната цел на овие обуки е да ве обучи и да ви даде знаења и вештини за бизнис активностите како и подигање на свеста на кандидатите за можностите кои ги нуди започнувањето самостоен бизнис. За кого е оваа обука? За сите потенцијални и постоечки претприемачи (за да ги надоградат своите бизнис перформанси), вработени во организации кои го помагаат претприемништвото (за да можат да ги разбираат потребите на прпетприемачите и да овозможуваат подобра околина за нив), едукатори, креирачи на политики, родители, вработени, студенти, невработени, како и лица со помалку можности! На обуката по претприемништво, ќе се усовршуваат вештини од генерирање и селекција на идеи, преку организација, маркетинг, истражување на пазарот, финансирање, се до креирање на бизнис план. Обуките ќе се одржуваат по светски познатата ЦЕФЕ методологија, која што веќе 30 години покажува дека праксата е најдобриот учител за стекнување бизнис компетенции. Оваа метода содржи вежби кои се интерактивни и практични, како и симулации на реални ситуации кои ги ставаат учесниците во чевлите на еден претприемач или тим идаваат дополнителна вредност на целокупното стекнато знаење. Теми кои ќе се разработат на обуката се: Лични претприемачки карактеристики Генерирање и селекција на идеи Поставување на цели и менаџирање на околина Организација и производство Маркетинг и истражување на пазар Финансиски менаџмент Бизнис планирање После оваа обука вие ќе бидете способни да: Го препознаете својот претприемачки капацитет; Воспоставите мрежа на бизнис контакти; Ги разберете клучните структури и принципи на претприемачкото планирање; Ги разбирете основните принципи на фнкционирање на пазарната економија; Знаете како да го проценувате вашиот удел на пазарот; Го препознаете влијанието на окружувањето врз вашата работа; Сте свесни за слабите и јаките страни на својата бизнис идеја и конкуренцијата; Ги пресметате основните средства; Изготвите биланс на состојба; Постигнете подобри резултати во водењето на компанијата, користејќи инструменти за финансиска анализа и планирање. Производи кои ќе ги понесете од оваа обука се: Рафинирана бизнис идеја која одговара на личноста Изработена СВОТ анализа Студија од пазарот Финансиски план Бизнис план Обуката е дизајнирана да се реализира во пет дена, а целите ќе се постигнат во неколку сесии составени од практични и интерактивни вежби, дискусии, истражувања, фидбек сесии, работа на терен, работа во мали групи и минимум теоретско предавање. Кој ќе не обучува?  Обуките ќе ги водат ЦЕФЕ обучувачи и ментори. Сите со долгогодишно искуство како обучувачи и бизнис консултанти, Елена Гагачева, Катерина Кимовска Геровска, Моника Брзовска – Петковска и Јован Сталевски. КОГА ќе се одржува?  16-20 Јануари 2017 година. Рабтилниците и сесиите ќе траат од 16:00ч до 20:30ч. Истражувањата ќе се одвиваат во пладневните часови. КАДЕ? Во Хотел Милениум, Битола. ВАЖНО: Местата се ограничени на 25 учесници. Што добивам дополнително? Секој кој што успешно ќе ја заврши обуката (активно присуство на најмалку 80% од обуката) се стекнува со сертификат издаден од ЦЕФЕ Македонија и потпишан од обучувачите; Материјали во печатена и електронска форма; Листа на контакти за ваше идно вмрежување и соработка; Освежување, кафе и храна за време на обуката; Што треба да инвестирам за себе? Покрај време и посветеност, се очекува од учесниците да инвестираат и мали финансиски средства. Реалната цена на чинење за овој тип на обука е 18.000 денари по учесник. Благодарение на проектот и мисијата на ЦЕФЕ Македонија оваа обука ќе ви биде овозможена со инвестиција од само 900 денари* Како да се пријавам? Пријавете се со пополнување на електронската пријава со целна дознака „Обука за бизнис вештини ГЕТ ЈЕС“ до 12 Јануари 2016 година. Потврдата на учеството се обезбедува со уплатени 900 денари на сметка на организаторот. Контактите на организаторот на настанот од ЦЕФЕ Македонија: Елена Гагачева, 075/257-075 ; elena.g@cefe.mk; info@cefe.mk * – Во случај на поголем број пријавени кандидати ЦЕФЕ Македонија го применува принципот „first come – first served“ (во случајот: прв пријавен – прв услужен). – Во политиката на работа на ЦЕФЕ Македонија нема исклучоци при плаќањето на надомест за учество доколку лицето отсуствува на дел од обуката или е претставник од здружение на граѓани. – За учесници со помалку можности (хендикеп, живеат во рурални области или се од социјално загрозени семејства) овие трошоци ќе бидат рефундирани после успешно завршување на обуката.  Погледнете дел од атмосферата на претходните ЦЕФЕ обуки Future Entrepreneurship Ambassadors Бизнис планирање за жени претприемачи Претприемачки Гази Баба

Вести

Во Битола ќе се отвора Технолошки Парк

На 14ти декември во Tехничкиот факултет во Битола, официјално се соопшти информацијата за основање на Технолошки Парк.  Партнерите во овој проект Технички факултет од Битола, Технолошки парк од Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово и Цефе Македонија, ги потпишаа договорите за соработка. Оваа иницијатива беше зачната на претходната конференција организирана од ЦЕФЕ Македонија, Дијалог помеѓу младите луѓе и креаторите на политики, каде претставници од трите организации изјавија интерес и желба за започнување на еден ваков проект во Битола. На оваа средба и претходеше работна посета во Технолошкиот парк во Тетово од страна на претставници на ЦЕФЕ Македонија и технички Факултет од Битола, каде начелно беа дефинирани формите на делување на оваа организација. Што е Технолошки Парк? Технолошки Паркови се места дизајнирани и организирани за поддршка на иновации. Тие се наоѓаат во склоп на Универзитетите и се познати исто како Истражувачки Паркови или Научни Паркови. Овие институции се наменети за поддржка на универзитетските (студентските) иновации, но и за надворешни идеи насоени кон креирање на високо развиено технолошко општество. Што ќе понуди Технолошкиот Парк за младите во Битола и околината? Иако сеуште не се дефинирани конкретните активности, јасна е насоката на делување на оваа организација. Младите од Техничкиот факултет, но и од регионот, во овој Технолошки парк ќе можат пред се да се стекнат со вештини и знаења за основање на стартапи, развој на идеи и иновации и претприемништво. Тие ќе имаат можност за пракса, вмрежување што ќе им помогне за идни вработувања или основање на сопствени бизниси. Оваа соработка, занчи чекор напред кон современо високо образование.

Вести

Обука Руралопмент во с.Буково

Обучувачите на ЦЕФЕ Макеоднија, одржаа тродневна обука насловена како Руралопмент, во Битолското село Буково. Обуката за бизнис вештини и претприемништво се одржа од 13ти до 15ти декември, а учесници беа членовите на Здружението на производители на буковска пипер.  Таа беше последната активност од проектот „Производство на буковска пипер и одржлив пораст“ на Слоу Фуд Битола, финансиран од Мировен Корпус  преку програмата SPA (Small Project Assistance). На обуката трите дена присуствуваа учесници од сите семејства, производители на Буковска пипер од село Буково. Најголем акцент од обуката се стави на маркетинг стратегиите и финансиите, за подобар пласман и следење на нивното производство. Целта на оваа обука беше да се зајакнат со претприемачки и бизнис вештини производителите, за веќе постоечкото органско производство да може да одговори на побарувачката и да стекне одржлив раст. Слики од обуката може да погледнете на нашата Фејсбук страна.

Вести

Трибина за младинска вклученост

Повеќе од 30 млади луѓе од Битола и околината, присуствуваа на панел дискусијата „Предизвици и патокази за младинската вклученост во Македонија“, организирана од Младиинфо, а во соработка со ЦЕФЕ Македонија Целта на оваа панел дискусија беше поттикнување на младите погласно да ги артикулираат своите барања и заеднички да се залагаат за решавање на нивните проблеми и предизвици. На трибината беа начнати многу прашања поврзани со севкупната вклученост на младите во македонското општество. Свое излагање имаа: м-р Никола Петровски, Институт за истражување и европски студии, Битола (социјална инклузија), проф. д-р Благој Ѓоргиевски, Правен факултет УКЛО, Битола (економска инклузија) и проф. д-р Горан Илиќ, Правен факултет УКЛО, Битола (политичка инклузија). Се надеваме дека дискусијата предизвика преземање поголеми иницијативи за младинска вклученост при изнаоѓање решение за нивните проблеми и предизвици. Во рамки на регионалниот проект „Средиште на Младински Банки на Западен Балкан и Турција“, до крајот на годината ќе се одржат уште два вакви настани во Струга и Скопје.

Вести

Консултантите на ЦЕФЕ Македонија во проектот “Вклучување на жени од етничките заедници на пазарот на трудот”

Во понеделник, 05.12.2016 обучувачи на ЦЕФЕ Македонија започнаа со реализација на обуките за кариерно советување во рамки на проектот “Вклучување на жени од етничките заедници на пазарот на трудот”. Проектот го спроведуваат CARE Deutschland/Luxembourg e.V. и Женска граѓанска иницијатива АНТИКО, а е финансиран од Европската унија. Со проектот ќе се обучуваат 250 жени од малцинства со вештини за барање работа, подготовка на одлична биографија, настап на интервју и изработка на кариерен план, во периодот ноември-декември 2016 во 10 различни градови во Македонија. Во наредниот период следуваат обуките во Штип, Скопје, Куманово и Битола. За повеќе информации и контакт посетете ја веб страницата на АНТИКО.

Вести

Обука на тренери за претприемништво во Холандија

Од 21ви до 30ти Ноември 2016 година, ЦЕФЕ Македонија беше партнер и дел од обука за тренери и претприемачи која се одржа во Лосер, Холандија. Обуката е дел од проектот „Coaching for trainers and entrepreneurs“ на Холандската организација Stichting Incombinacion, финансиран од програмата Еразмус + на Европската Комисија. За време на девет-дневната обука, обучувачите на ЦЕФЕ Македонија, Зоран Витанов и Јован Сталевски со својата експертиза им овозможија на 20 нови тренери од 10 европски земји (Македонија, Грција, Бугарија, Италија, Шпанија, Холандија, Романија, Полска, Естонија и Словачка) да станат независни тренери по претприемништво.  Покрај овие земји, учесници имаше и од Турција и Португалија. Покрај обуката, прекрасната организација на Stichting Incombinacion ни овозможи и едукативна посета на YES Delft – бизнис инкубатор во склоп на најпрестижниот универзитет во Делфт, каде видовме бројни технолошки иновации од страна на компаниите во инкубаторот. Се запознавме и со  EYES International – интернационално друштво за несекојдневни млади претприемачи, и нивната култура на споделување, поддршка и вмрежување. Покрај запознавањето со мал дел од претприемачкиот еко систем, имавме и можност директно да го истражиме пазарот во Холандија за нашите идеи и бизниси. Овај проект е продолжение на ланскиот тренинг на тренери Future Entrepreneurship Ambassadors, кој се одржа од 5ти до 18ти Октомври во Кајзери, Турција. А продолжение на овој проект, останува да видиме што ќе произведат новите партнерства… 🙂 Погледнете ги сликите од извонредната атмосфера на обуката.