Вести

Вести

Онлајн средба за иновации во областа на стручното образование

На 12.02.2021 година, се одржа онлајн средба помеѓу партнерите од проектот „Zooming Expression Unity Study – ZEUS”, Еразмус + КА2 Стратешко партнерство за иновации во областа на стручното образование. На состанокот помеѓу партнерите се дискутираше за тековните активности во рамки на проектот. Беше договорено да се направи план за првата средба со физичко присуство. Поради моменталната ситуација во партнер земјите и забраните за движење кои ги имаат кај нив, се отвори можност првата средба да се реализира во Македонија во текот на месец мај, 2021 година. Овој проект има за цел да ги поддржува професорите и обучувачите преку креирање на образовни методи, развивање на нов курикулум и организирање на обуки од областа на неуро-лингвистичкото програмирање.

Вести

„Не можете да дадете нешто ако не знаете што сакаат другите“

Ова е мотото на проектот GET YES 2 во рамките на истражувањето што се одвива во 6 земји низ светот: Македонија, Венецуела, Бугарија, Уганда, Турција и Филипини. Повеќе од 20 истражувачи, овој февруари 2021 година, ги испитуваат потребите и вештините на младите за водење и отворање на бизниси. Исто така, истражувачите ги прашуваат организациите што ги поддржуваат младите претприемачи какви капацитети сакаат повеќе да развиваат за да дадат подобри услуги за подигнување на вработувањето кај младите. За поставување на теренот, на 8 февруари 2021 година, конзорциумот организираше подготвителен состанок со сите истражувачи и ментори за да ги сподели очекувањата и целите од ова извонредно истражување. Двочасовниот состанок резултираше со следниве теми: Истражувачите се среќаваат едни со други и со партнерските организации Краток преглед на проектот и добивање на големата слика за тоа како нивната задача се вклопува во рамките на проектот Очекувања и стравови помеѓу истражувачите и координаторите Да ги разбереме целта, процесот и задачите за истражувањето Заедничко разгледување на предвидените прашалници и разјаснување на нивната содржина Разгледување на очекуваниот извештај и резултатите Разјаснување на прашањата и одговорите од учесниците на состанокот Ако сте организација што ги поддржува следните генерации на млади и е подготвена да придонесе за истражувањето, пополнете го прашалникот тука. И, ако сте млада личност помеѓу 15 и 35 години и чувствувате дека можете да промените нешто со вашите одговори, кажете ни што ви треба за да бидете глобален претприемач преку пополнување на прашаникот тука.

Вести

ИСТРАЖУВАЊЕ: Што ви е потребно да бидете глобални претприемачи?

ЦЕФЕ Македонија и партнерите во проектот “GET YES 2” – Erasmus + KA2 – Capacity building in the field of youth/ACPALA“, спроведуваат истражување за да ги идентификуваат потребите и недостатоците од вештини кај младите луѓе и кај одговорните за носење одлуки за програмите за обуки и методологии кои се потребни за креирање на покомпетентни претприемачи и можности за вработување. Ако сте на возраст од 15-35 години и се сметате себеси дека сте претприемач или се стремите да станете претприемач, чувствувајте се слободно да го пополните овој прашалник: Македонска верзија :https://forms.gle/vPpQSdCb4pnc4VYdA Англиска верзија: https://forms.gle/8AUfSGb75A1zxELA8 Ако сте организација која нуди поддршка за креирање на претпријатија, можете да учествувате во истражувањето и да помогнете во детектирањето на проблемите и потребите поврзани со успешно самовработување, претприемништво и генерирање на работни позиции. Прашалникот за организации: Англиска верзија: https://forms.gle/1QReA2mG2DbrQGNLA Истражувањето е дел од проектот “GET YES 2” – Erasmus + KA2 – Capacity building in the field of youth/ACPALA“ и резултатите од истото ќе ги насочат партнерите од GET YES 2 проектот подобро да организираат и спроведат обуки, како и во други видови на поддршка за младите претприемачи. Идентитетот на учесниците во истражувањето ќе остане строго ДОВЕРЛИВ.

Вести

Нова соработка за јакнење на младите во Македонија

На 02.02.2021 година, ЦЕФЕ Македонија потпиша меморандум за соработка со Здружението за слепи лица и лица со оштетен вид на град Скопје. Преку оваа соработка се отвараат нови можности за спроведување на заеднички акции и иницијативи, разменување на знаења, заедничка соработка на проекти и заедничко лобирање на одредени проблематики. Овој меморандум се потпишува во рамките на проектот GET YES 2 и има за цел да ги вклучи лицата со оштетен вид во активностите од проектот како што се истражување на потребите за обука, локални работилници за деловни вештини, менторски сесии за млади итн.  Заедно со експертите од Здружението на слепи лица ќе овозможиме прилагодување на ЦЕФЕ вежбите за лица со оштетен вид и промовирање на меѓусебни активности на нивните членови и целни групи.  

Вести

Четврта онлајн средба со партнерите од проектот “GET YES 2”

Во рамките на проектот „GET YES 2“ – Erasmus + KA2 – Градење на капацитети во областа на младите/ACPALA, ЦЕФЕ Македонија заедно со партнерите на проектот го одржаа четвртиот онлајн состанок на 27.01.2021 година. Покрај финализирањето на истражувањето кое што се спроведува во сите земји на проектот, што треба да се објави наскоро, партнерите ги дискутираа и следните теми: Насоки за EACEA состанокот Најчесто поставувани прашања за корисниците Упатство за користење на грантот Воведување во Планот за управување со проект и квалитет – TASKS file Истражувања за WP 2.2 Сите точки беа детално елаборирани и сите партнери се согласија за крајниот рок за завршување на вториот извештај, кој ќе вклучува анкета за младите и нивната потреба од обука за претприемачи. Анкетата треба да се направи во јануари во сите земји-партнери: Македонија, Венецуела, Турција. Бугарија, Уганда и Филипините. Исто така, имаше краток разговор за тековната средба на партнерите во Истанбул, Турција. Главната цел која на проектот е да се поттикне соработката, размената и надградбата на добрите практики помеѓу земјите од проектот со конечна визија – нови квалитетни работни места преку создавање на начин на размислување и култура на претприемништво меѓу економските чинители во општествата.

Вести

Обука за обучувачи: Global Exchange and Training for Youth Employment Services (рокот за пријавување е продолжен до 30.04.2021)

Во рамките на проектот “Global Exchange and Training for Youth Employment Services 2 ” ко-финансиран од Програмата Еразмус + на Европската унија, имаме отворен повик за обука за обучувачи за претприемништво која што ќе се одржи на почетокот на месец август, 2021 година во Плводив, Бугарија. Обуката има за цел да креира компетентни лидери и обучувачи кои ќе бидат лиценцирани обучувачи за претприемништво што ќе користат искуствена обука за претприемништво базирана на ЦЕФЕ методологијата. Обуката е наменета за сите оние кои се сериозни во своите цели и кариера. Младински работници, обучувачи, младински лидери, раководители на проекти, претприемачи и вработени во агенции за поддршка на претприемништво од: Македонија, Венецуела, Турција, Филипини, Бугарија и Уганда. Крајниот рок за аплицирање е до 30.04.2021 година. Обуката ќе биде интернационална и поради тоа ќе биде на англиски јазик. За повеќе информации и пријавување на самата обука, прочитајте повеќе на следниот ЛИНК.