Author name: CEFE

Општо

Coffee with Mr. Paul Wohlers

Our team participated at the event “Coffee with a Diplomat”, held in American Corner Bitola where Mr. Paul Wohlers shared his life experience as a diplomat and about the strength and support he gained from his ancestors and family. We also acquainted the guests and Mr. Ambassador with our project “Why to go abroad, when you can stay and develop your country”, which is starting on 1st of December 2014. The Ambassador advised young Macedonians to be persistent in their goals, to travel, to learn languages, communication and IT skills and to enjoy the challenges in developing their own communities.

Вести

Партнерство во интернационален проект за младински работници

„Кога се смееш, се менуваш, кога ти се менуваш – целиот свет се менува“ Мадан Катариа Во летото 2014, ЦЕФЕ Македонија беше партнерска организација, заедно со Француската Crefad-Loire во реализација на проектот „Смеењето, едукативна алатка за секого“. Проектот беше финансиран од Европската Комисија, преку програмата Еразмус+ и собра на едно место 14 различни националности од Кавказ, Средоземието и Европа. Нашиот тим Елена Стојановска и Јован Сталевски, учествуваа на тренинг курсот „Јога за смеење, алатка за сите“. Тренинг курсто се одржа во малото Француско гратче Марле од 03 до 09 август 2014 година и на него учествуваа идни обучувачи од Македонија, Франција, Австрија, Португалија, Шпанија, Ерменија, Грузија, Грција, Јордан, Египет, Молдова, Романија и Турција. Целта на транингот беше да обезбеди алатки, знаење и искуство како да се водат и прилагодуваат сесиите со смеење со различни целни групи. Најголем предизвик за идните фасилитатори не беше да ја репродуцират само техниката на смеење, туку да се ослободат да се смеат без пречки и причина во средината во која работат. Концептот на смеење без причина е развиен од International School of Laughter и се користи како корпоративни обуки од Топ Менаџментот на многу познати Француски компании како: EDF, GDF, SNCF, TOTAL, Leroy Merlin, Adidas, Nike, Carrefour итн. Резултатите после овие тренинзи се: зголемување на грижата за клиенти, мотивираност за работното место, ослободување од стрес, градење на подобри односи во тимот, како и зголемено ниво на позитивна комуникација меѓу вработените. Благодарни сме на организаторите, како и на обучувачот Гин Пјер Фајет, за искуството, алатките и знаењето што ни го дадоа и што можеме да го примениме во нашите услуги и обуки. Погледнете го албумот со најинтересните моменти од тренинг курсот на нашата Фејсбук Фан Страница.

Медиа

Отворен проектот: Зошто да одите во странство кога можете да останете и да инвестирате во вашата држава?

Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија официјално го одбележа почетокот и одржa презентација на проектот: „Зошто да одите во странство, кога можете да останете и да инвестирате во (да ја развивате) вашата држава?“ на 23-ти Декември во Хотел Капри Битола. Настанот и темата на проектот предизвика огромен интерес; истиот го посетија околу 100 гости од различни сектори: бизниси, претставници на општини, факултети, невладини организации, студенти, медиуми, организации за поддршка на претприемаштвото, итн. Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД во Македонија, а го имплементира ЦЕФЕ Македонија во партнерство со: Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола и Центар за одржливост и напредна едукација Битола. Настанот го отвори Зоран Витанов, еден од основачите на ЦЕФЕ Македонија со поздравен говор, а потоа преку видео, свое обраќање имаше проф. Мајкл Голдберг од Case Western Reserve University Ohio кој говореше за соработката со проектниот тим. Понатаму, проектниот менаџер Јован Сталевски ја презентира целта на проектот, односно дека истиот се стреми кон превенција на одливот на таленти, намалување на невработеноста и кон понатамошно развивање на претприемаштвото, на тој начин придонесувајќи кон економски развој во Р. Македонија. Наредно членовите на тимот ги поздравија присутните со свои видувања за проектот и значајноста на темата. Исто така се понудија информации како присутните може да се вклучат и придонесат кон развој на претприемаштвото, да се информираат за изворите на поддршка од: бизнис акселератори, филантропи, бизнис ангели, кредитни линии, владини програми за поддршка на претприемачи, универзитети, итн. На крајот се остави простор за дискусија и целиот настан се заокружи со коктел каде присутните имаа можност да се вмрежуваат и да разговараат за заедничка соработка во рамките на проектот.

Вести

Фасилитирани сесии на онлајн курсот: “Beyond Silicon Valley: Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies”

Обучувачот и член на ЦЕФЕ Македонија, Јован Сталевски во текот на Ноември 2014 година беше фасилитатор на средбите во рамките на онлјан курсот: “Beyond Silicon Valley: Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies” кои се одржуваа во Американското Катче Битола. Овој масовен онлјан курс беше понуден на платформата Coursera: https://www.coursera.org/course/entpecon од страна на Професорот Michael Goldberg од Case Western Reserve University и го следеа над 20 000 лица од целиот свет. Во рамките на курсот беа разработени различни теми, односно како заедниците во транзиционите економии во светот функционираат, за да креираат раст на претприемаштвото кога ресурсите од приватниот сектор се лимитирани. На неделните средби во Американското катче се дискутираше каква е улогата на владата, универзитетите, бизнис ангелите, акселераторите, итн. во поддршката и развојот на претприемаштвото, беа разработени примери од различни економии, како и од македонската и кои мерки треба да се преземат за да се воведат креативни начини на поддршка на претприемаштвото во нашата држава. Овие средби беа посетени од претставници од образованиот, бизнис и невладиниот сектор.