ЦЕФЕ Македонија и PONT заедно за одржлив развој и зајакнување на граѓанските организации
ЦЕФЕ Македонија започна соработка со Prespa Ohrid Nature Trust (PONT) – фондација која поддржува долгорочна заштита на природата и одржлив развој во регионот на Преспа и Охрид. Соработката е долгорочна и ќе се одвива од септември 2025 до септември 2028 година. Во рамките на ова партнерство, ЦЕФЕ Македонија соработува со експерти за организациски развој од Македонија и Албанија и организации кои се грантисти на ПОНТ: Црвен Крст Охрид, Македонско Еколошко Друштво, Еко Свест и ЦНВП Македонија. Дел од активностите се спроведување на анализа на капацитетите, предизвиците и потенцијалите на организациите кои работат во областа на заштита на животната средина, локалниот развој и одржливото управување со природните ресурси. Целта на оваа соработка е да се придонесе кон јакнење на лидерството, управувањето и ефективноста на граѓанските организации, како и да се поддржи нивната улога во развојот на локалните заедници и во постигнување на целите на одржлив развој. Со ЦЕФЕ методологијата, позната по своето искуствено учење и практичен пристап кон развој на претприемачки и лидерски компетенции, ќе се подготват насоки и препораки за подобрување на организациските капацитети и можностите за соработка меѓу сите засегнати страни. Оваа иницијатива претставува важен чекор кон создавање поотпорни, поинклузивни и посилно поврзани организации кои ќе придонесуваат за подобра иднина на Преспанскиот регион.





