Author name: CEFE

Вести

Тимот на ЦЕФЕ Македонија на терен во Северно Косово

На 20.03.2018 и 21.03.2018, тимот на ЦЕФЕ Македонија беше во Косово, каде посети 28 бизниси во северниот дел од државата. Овие посети беа реализирани во рамки на проектот „Youth, Employment and Skills” на ГИЗ Косово, каде ЦЕФЕ Македонија е ангажирана како организација подизведувач на истиот. Имено, во Јануари оваа година, како дел од проектот беа реализирани две 5 дневни обуки за меки вештини во Северна Митровица. На овие обуки имаше 50 учесници, кои подоцна на саемот за вработување остварија контакт со бизнисите кои изразија желба за ангажирање на практиканти во своите организации. Праксата ќе започне на 01.04.2018 и ќе трае се до 30.06.2018, а за овој период од три месеци, ЦЕФЕ Македонија обезбеди 150 евра месечна надокнада за секој од 50-те практиканти. Посетата на овие бизниси во Звечан, Северна Митровица, Лепосавич и Зубин Поток, имаше за цел да се склучат договори со бизнисите и 50-те практиканти, кои од почеткот на месец Април ќе започнат со пракса кај нив. Освен тоа, секундарна цел беше да се дознаат потребите на бизнисите и проблемите со кои тие се соочуваат на северот на Косово, но воедно и да се опипа пулсот на бизнис климата во овој регион.

Вести

Работилници во рамки на проектот „Претприемачко знаење за млади“

Во рамки на проектот „Претприемачко учење за млади“ во кој ЦЕФЕ Македонија е партнер заедно со „Sprijin si Dezvoltare“ од Романија и „Inercia Digital“ од Шпанија, на 27.03.2018 (Вторник) и 29.03.2018 (Четврток),со почеток во 16:00 часот, во просториите на ЦЕФЕ Македонија ќе бидат одржани две работилници. На првата работилница која ќе биде реализирана од страна на Јован Сталевски, сертифициран ЦЕФЕ обучувач, учесниците ќе изработат опис на својата бизнис идеја, која понатаму ќе можат да ја преточат во одржлив бизнис план. Ќе бидат опфатени сите компоненти на бизнис планот и како да се постави базата за бизнис план кој понатаму ќе ги регулира сите процеси од работењето и развојот на една компанија. На оваа работилница учесниците, заедно со обучувачот ќе изготват бизнис план кој понатаму ќе го моделираат заедно со експертите кои ќе бидат ангажирани на втората работилница. На втората работилница ќе бидат присутни експерти од најразлични области: Економист, правник, продукт и проект менаџер, претставник од финансиска институција и претприемач. На оваа работилница, учесниците ќе имаат можност преку директна интеракција и консултација со експертите да го модификуваат и да го адаптираат бизнис планот во однос на нивната визија, но и да се прилагодат процесите со што би се овозможил понатаможен раст и развој на компанијата. Можност за учество на овие работилници имаат сите млади (18-29 години). За пријава и информации сите заинтересирани може да се пријават на info@cefe.mk и 078/201-754, најдоцна до 25.03.2018.

Општо

Social inclusion through technology

 CEFE Macedonia took part in the project of  USAID Macedonia‘, Open the Windows/Отворете ги прозорците and IVote Foundation/Фондација иВоте named “Social Inclusion though Technology (SIT)”. The contribution of CEFE Macedonia included mentors, training designers and internship and therefore a certificate of appreciation was given to the president of our organization, mr. Jovan Stalevski. For the first time in Macedonia, a hub named HUBIT! was opened and it will function as a center for offering services to the youth with disabilities, linking them with good jobs in the IT sector.

Вести

Социјална инклузија преку технологија

ЦЕФЕ Македонија зеде учество во проектот на УСАИД Македонија, ИВоте Фондација и Отворете ги прозорците кој носи наслов “Социјална инклузија преку технологија”. Придонесот на ЦЕФЕ МАкедонија во овој проект беше преку реализирање на практична работа, менторство и креирање на тренинг програми, за што на претседателот на нашата организација, Јован Сталевски, му беше доделена благодарница. Преку овој проект, за прв пат во Македонија е отворен HUBIT Центар, кој што ќе нуди услуги на младите со попреченост и ќе ги поврзува со работни места и можности од ИТ индустријата.

Вести

Партнерска средба во Никозија, Кипар

Во рамки на проектот ФАБУСС, од 27.02 до 01.03.2018, во Никозија, Кипар, се одржа интернационален состанок на партнерите од проектот, каде учество зедоа и ЦЕФЕ Македонија и Национален Младински Совет на Македонија (НМСМ), како партнери од Македонија. Откако беа одржани обуките за тренери во Скопје, на оваа средба се дискутираше за активностите кои треба да им претходат на обуките, содржината на тренинг матријалите за понатамошно пилотирање на модулите, а воедно  беа донесени и одлуки со кои беа дефинирани насоките за понатамошната реализација на проектот ФАБУСС, чија цел е да се спроведе процес на успешно наследување на фамилијарните бизниси. Благодарение на овој состанок и насоките кои беа дефинирани, во престојниот период ни следи и реализација на следниот чекор од проектот, а тоа се пилот обуките кои ќе се одржат во секоја од партнерските земји (Бугарија, Грција, Португалија, Македонија, Кипар и Италија). На овие обуки можат да земат учество сите наследници на фамилијарни бизниси на возраст од 18 до 35 години. Сите заинтересирани може да не котактираат на info@cefe.mk.

Вести

Соработка со Правен Факултет, Битола

На 23.02.2018, ЦЕФЕ Македонија потпиша меморандум за соработка со Правниот Факултет од Битола. Овој меморандум го потпишаа Деканот на Правниот Факултет, Проф. Д-р Горан Илиќ и Претседателот на ЦЕФЕ Македонија, Господинот Јован Сталевски. Целта на потпишувањето на овој меморандум е да се поттикнат младите правници да бидат попретприемчиви, a претприемачите – позапознати со правните аспекти при водење на бизнис. Оваа соработка опфаќа: ·      Организирање и реализација на практична настава за студентите од Правниот факултет во зависност од расположивите можности; ·      Консултации и експертизи; ·      Вклучување експерти во исполнувањето на теоретските содржини на студиските програми; ·      Воспоставување на контакти и презентација на договорените страни пред домашни и странски субјекти; ·      Организирање на тркалезни маси и размена на искуства на разни панели, трибини и дискусии. Голема благодарност до Деканот на Правниот Факултет Проф. Д-р Горан Илиќ, Доц. Д-р Елизабета Тошева, и Асс. М-р Ивона Шушак – Координатор на Правна клиника и сите присутни професори и студенти кои покажаа особен интерес за развој на претприемачкиот дух кај идните правници.