Повик за избор на фасилитатори за работилници за кариерен развој на млади
Работилница 28 Јули – 31 Јули 2020 | ЦЕФЕ Македонија спроведува повик за избор на 4 фасилитатори во рамките на проектот VOCCESS, проект во рамките на Еразмус + програмата, поддржан од Европската унија. Работилниците се наменети за кариерен развој на млади и истите нудат поддршка на младите во процесот на откривање, создавање и поставување на темелите на личниот развој – во што сум добар, кои се моите вредности, кои се моите ограничувачки верувања кои ме запираат; кои се моите соништа и цели. Ова се рефлектира во VOCCESS модулите и видеата за учење. VOCCESS ги поддржува корисниците во развивање и негување навики за успех, совладување вештини и ставови за да успеете во животот: образование, кариера, социјална активност, волонтерство, самоизразување. VOCCESS создава и можност за младите луѓе да ги следат своите соништа или да развијат вештини преку низа предизвици и алатки за планирање и поставување на цели. Во овој поглед, VOCCESS не само што овозможува себе – спознавање, туку дава и можност младите да дејствуваат врз основа на својот личен развој. Која е целта на работилниците? По успешно завршување на работилниците, младите учесници ќе умеат: Да се спознаат себеси и да направат план за својата посакувана кариера Да осознаат кои се нивните таленти, карактеристики, вредности, пасии и способности и да увидат како тие влијаат на нивниот избор на професија Да си направат сопствена рефлексија на своите јаки страни Да добијат визија за својата посакувана кариера За кого е наменет овој повик? Повикот е наменет за фасилитатори и едукатори на млади и соработници на ЦЕФЕ Македонија Потребни квалификации за аплицирање: За аплицирање за фасилитатор во рамки на VOCCESS проектот се потребни следниве квалификации: Работно искуство како фасилитатор или едукатор на млади ученици и студенти Основно познавање на англиски јазик Очекувани активности од фасилитаторите: Да регрутираат група од 15 млади на возраст од 14-27 години заинтересирани за учество на работилниците Да учествуваат на подготвителната сесија пред почетокот на работилниците (сесијата е планирана да се реализира на 25.07.2020) Да реализираат онлајн работилница во траење од 8 часа, поделена во три сесии во периодот од 28.07.2020 -31.07.2020 Да вршат евалуација на работилницата по секоја сесија и да известат за резултатите од работилницата ( до 01.08.2020) Работен јазик : Македонски Времетраење и методологија на обуката: Работилницата ќе се реализира онлајн, во 3 делови (модули), при што секој модул ќе трае приближно 3 часа. Вкупното времетраење на целата обука е 8 часа, распоредени во 3 дена (28.07-31.07.2020). Во рамките на проектот е предвидено да се опфатат вкупно 60 млади ученици и студенти, односно да се реализираат вкупно 4 работилници. Секоја работилница ќе се реализира низ следниве модули: Модул 1 – Основи на мојата кариера – Кој/а сум јас? Модул 2 – Моите зони на генијалност – Во што сум добар/а? Модул 3 – Визија за својата кариера, цели и план Секој учесник ќе добие материјали и примери за работа произведени во рамките на VOCCESS проектот. Пријавување и потврда на учество За да аплицирате за фасилитатор на работилниците ве молам пополнете ја онлајн апликацијата на нашата страна. Линк до апликацијата: Краен рок за аплицирање: 17.07.2020 Критериумите за избор на фасилитаторите ќе биде понуден квалитет во однос на цена. Организатор: ЦЕФЕ Македонија (www.cefe.mk) Информации за обуката: Благој Трајков Тел: +389 71 324 959 E-Mail: blagoj.t@cefe.mk Јован Сталевски Тел:+389 78 437 267 E-Mail: info@cefe.mk Работилницата е дел од проектот “ VOCCESS”, ко-финансиран од Европската Унија Спроведувач: ЦЕФЕ Македонија



