Author name: CEFE

Вести

Финансиската писменост како чекор кон поголема самостојност и инклузија

Во време кога финансиската писменост станува сè поважна животна вештина, особено значајно е таа да биде достапна и за оние кои најчесто остануваат надвор од ваквите образовни процеси. Токму затоа, во рамки на проектот „Beyond Digits: Co-productive Financial Education“, во Македонија успешно беше реализирана пилот програма за финансиска писменост наменета за невродивергентни деца, млади и возрасни и лица со попреченост. Во периодот февруари – март 2026 година, во неколку институции во Битола и Скопје, беа опфатени вкупно 46 учесници кои преку практични и интерактивни активности учеа за управување со пари, буџетирање, штедење и носење финансиски одлуки во секојдневниот живот. Програмата покажа дека кога учењето е практично, прилагодено и блиско до реалните животни ситуации, учесниците не само што полесно ги усвојуваат новите знаења, туку стекнуваат и поголема сигурност, мотивација и желба за самостојност. Пилот обуките ги реализираа три специјални едукаторки и рехабилитаторки од Македонија: Данче Тодоровска од Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, Марија Ангелин од ОУРЦ „Кочо Рацин“ – Битола и м-р Маре Стојменовска Мицевска од ООУ „Коле Канински“ – Битола. Низ својата работа тие покажаа колку емпатијата, трпението и посветеноста можат да направат вистинска разлика во процесот на учење и развој на учесниците. Данче Тодоровска Специјален едукатор и рехабилитатор, Здружение за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ „Малите успеси се најголемата промена“ Данче Тодоровска, која веќе 11 години работи како специјален едукатор, истакнува дека најголемата вредност на ваквите програми е можноста децата да станат посамостојни и посигурни во себе. Според неа, финансиската писменост е особено важна за лицата со невродиверзитет, бидејќи претставува вештина што директно ги подготвува за независен живот и идно вработување. Во текот на обуките, учесниците најлесно ги совладале препознавањето на парите и планирањето средства за конкретна активност, а преку практичните задачи започнале подобро да ја разбираат поврзаноста помеѓу финансиските вештини и секојдневното функционирање. „За мене, успех е кога детето ќе стане посамостојно, посигурно во себе и кога ќе успее да го примени наученото во секојдневниот живот“, вели Тодоровска. Марија Ангелин Специјален едукатор и рехабилитатор во ОУРЦ “Кочо Рацин,, – Битола „Финансиската писменост е предуслов за вклучување во заедницата“ Марија Ангелин, специјален едукатор и рехабилитатор во ОУРЦ „Кочо Рацин“ – Битола, која има околу седум години професионално искуство во работа со деца и млади со попреченост, нагласува дека финансиската писменост многу често е занемарена, иако е од исклучително значење за самостојноста и за вклучувањето во заедницата. Таа ја препознала програмата како нешто поинакво, практично и мотивирачко, што им помага на учениците преку игра и искуство да ги разберат парите, штедењето и одговорното користење на ресурсите. За време на работилниците, особено ја допреле моментите кога учениците со голем ентузијазам се внесувале во улоги како продавачи, банкари и касиери, а некои од нив дури и изразиле желба еден ден да работат токму таква професија. „Финансиската писменост е област која најчесто се занемарува, а е од исклучително значење за нивната самостојност и вклучување во заедницата“, истакнува Ангелин. м-р Маре Стојменовска Мицевска Специјален едукатор и рехабилитатор и дипл. логопед, ООУ „Коле Канински“ – Битола м-р Маре Стојменовска Мицевска, специјален едукатор и рехабилитатор и дипломиран логопед од ООУ „Коле Канински“ – Битола, веќе 24 години активно работи со лица со попреченост. Таа вели дека никогаш не се покајала за изборот на професијата, затоа што радоста од секој, дури и најмал напредок, претставува потврда за значењето на нејзината работа. Нејзината мотивација да се вклучи во програмата произлегла од уверувањето дека финансиската писменост е тема што сè уште е недоволно застапена кај оваа целна група, а воедно нуди можност за ново и практично искуство и за учениците и за едукаторите. Во текот на пилотирањето, особено ја допреле реакциите на учениците со физичка попреченост, кои за првпат имале можност да работат на лаптоп и да бидат прашани како би ги потрошиле своите пари. „Лицата со попреченост често знаат пријатно да изненадат со своите способности. Потребно е само да им се даде шанса да го покажат својот потенцијал“, вели Стојменовска Мицевска. Резултатите од пилот програмата покажаа дека кога финансиската писменост се учи преку практични и прилагодени активности, учесниците брзо напредуваат. Едукаторките забележале значително поголема сигурност кај учесниците во препознавање пари, разбирање буџет, штедење и носење одлуки при купување. За многумина, ова бил прв важен чекор кон поголема самостојност и активно учество во секојдневниот живот. Особено успешни биле практичните мини-игри, каде учесниците со ентузијазам се внесувале во различни улоги и покажале интерес за професии поврзани со финансии и услуги. По завршувањето на обуките, дел од нив изразиле поголема самодоверба да купуваат самостојно, да пребројуваат пари, да читаат фискални сметки и да штедат за сопствени цели. Пилот програмата за финансиска писменост е дел од проектот „Beyond Digits: Co-productive Financial Education“, кофинансиран од Еразмус+ програмата на Европската Унија. Во Македонија, програмата ја спроведе ЦЕФЕ Македонија заедно со партнерите PLOES од Грција, PRISMS од Малта, EASPD од Белгија, Omega Technology од Грција, PsPc од Литванија и KI-I од Австрија. Целта на проектот е да се развијат и тестираат инклузивни методи и алатки за финансиска едукација на невродивергентни млади и возрасни и лица со попреченост, со што финансиската писменост ќе стане подостапна, поразбирлива и поприменлива за сите.

Вести

HYPE 2.0 Startup Academy успешно реализирана – младите креираат идни бизниси

Во периодот од 23 до 25 април 2026 година, во просториите на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, успешно се реализираше тридневната Меѓународна стартап академија HYPE 2.0, која обедини 40 средношколци од Македонија и Бугарија во заедничка работа на развој на иновативни бизнис идеи. Академијата беше организирана од American Corner Штип, во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, со поддршка на Амбасадата на САД во Македонија, како главен поддржувач на настанот. Настанот претставува значајна платформа за поттикнување на младинското претприемништво, иновациите и регионалната соработка. ЦЕФЕ Македонија беше официјален партнер и програмски провајдер на Академијата, одговорен за имплементација на ЦЕФЕ методологијата и водење на целиот процес на развој на бизнис идеи. Обуката ја реализираа сертифицираните ЦЕФЕ обучувачи Елена Гагачева, Весна Ефремова и професорката при Економски факултет при УГД Штип Тамара Јованов, кои ги водеа учесниците низ интерактивен процес базиран на искуствено учење. Во текот на трите дена, учесниците поминаа низ структуриран програмски процес: Ден 1 – Идеја и основи: генерирање и селекција на бизнис идеи, SWOT анализа и дефинирање цели Ден 2 – Развој: маркетинг стратегии (5P), сегментација, финансиско планирање и развој на бизнис модел Ден 3 – Pitch & натпревар: подготовка на презентации и финален натпревар Преку ЦЕФЕ пристапот, учесниците не учеа само теорија, туку работеа во симулации на реални бизнис ситуации, носеа одлуки, тестираа идеи и развиваа претприемачки начин на размислување. Наградени бизнис идеи: HYPE 2.0 уште еднаш покажа дека кога младите добиваат вистинска поддршка, менторство и практичен пристап, тие имаат капацитет да создадат иновативни и одржливи бизнис решенија. ЦЕФЕ Македонија останува посветена на развојот на младинското претприемништво и создавање на нова генерација млади лидери и креатори на вредност.

Вести

30 ученици учествуваа на обуката Микро Бизнис Игра – игри за финансиска писменост

Обуката ја реализираше професорката Мирјана Лозановска, во СОЕУ Јане Сандански во Битола на 8ми и 15ти април. Учениците преку board gamе, симулациска игра, беа ставени во улога на сопственици на продавница за цедени сокови и се натпреваруваа меѓу себе. Тие носеа одлуки за предвидување на продажбата, правеа набавки, пресметуваа трошоци и приходи, управуваа со финансии и вработени и правеа биланс на состојба и биланс на успех за својот бизнис. Оваа обука е многу атрактивна кај младите поради методологијата на работа, која е забавна и ги ангажира учесниците активно да се вклучени за време на целата обука. ЦЕФЕ Македонија продолжува активно да работи на својата мисија за зголемување на финансиската писменост кај младите, и очекувајте уште вакви обуки. 

Вести

Што ако вистинската промена кај младите не започнува од нив… туку од разбирањето на нивната приказна?

Во Македонија, тимот на проектот Family Matters – младински работници, експерти и истражувачи, се состанаа на 09.04.2026 за да направат рефлексија што до сега се случува и што ќе се прави во наредниот месец. Не како „експерти што знаат“, туку како луѓе што слушаат, учат и заедно создаваат. На состанокот имаше искуства, дилеми, прашања…– Како да работиш со млад кој не се отвора и се срами да зборува?– Како да допреш до семејство што не разбира?– Како да создадеш доверба таму каде што ја нема? И токму тука започнува вистинската работа.  Првите чекори веќе се направени. Во Охрид и Кочани, младите веќе ги доживеаа првите искуствени алатки од проектот. Некои беа тивки, некои скептични, но полека почнаа да зборуваат, да се отвораат, да се препознаваат себеси. И тоа е успехот. Во следните месеци (април – октомври), младинските работници ќе реализираат околу 15 алатки. Но ова не се само „активности“. Ова ќе бидат места, простори, каде младите: Но најважното, ќе почнат да ги разбираат своите семејства – и да бидат разбрани од нив. Затоа што зад секој млад човек стои приказна. А зад секоја приказна – семејство. Family Matters не е само проект. Тоа е процес на доверба, разбирање и трансформација.

Вести

ЦЕФЕ Македонија и Ротари клуб Кочани официјално потпишаа меморандум за соработка

ЦЕФЕ Македонија и Ротари клуб Кочани официјално потпишаа меморандум за соработка, со кој започнува ново партнерство насочено кон поддршка на младите и локалниот економски развој. Како дел од оваа соработка, на 3 и 4 април 2026 година во Феникс центарот во Кочани успешно се реализираше обука за интензивни бизнис вештини за млади, каде учесниците имаа можност да стекнат практични знаења и алатки за развој на сопствени идеи и претприемачки иницијативи. Меморандумот предвидува долгорочна соработка насочена кон: – Поттикнување на претприемачкиот дух кај младите– Развој и зајакнување на бизнис секторот во Кочани и Виница– Реализација на заеднички проекти и иницијативи– Заеднички настап на програми во интерес на економскиот развој на регионот Ова партнерство претставува важен чекор кон создавање на поактивна, иновативна и економски развиена локална заедница.

Вести

Финансиска писменост за сите – чекор кон поголема самостојност

ЦЕФЕ Македонија разви инклузивна програма за финансиска писменост наменета за неуродивергентни лица и лица со попречености, со цел да ги зајакне нивните способности за самостојно и сигурно функционирање во секојдневниот живот. Програмата беше успешно пилотирана во периодот февруари – март од страна на специјални едукатори во неколку институции во Македонија: Во пилот фазата беа опфатени 46 деца, млади и возрасни, и околу 30 наставници и стручни лица. Резултатите од имплементацијата покажуваат значаен позитивен ефект: Особено значајно е што дел од учесниците за првпат беа вклучени во процес на донесување финансиски одлуки, што претставува важен чекор кон нивна поголема независност. Целта на програмата е да придонесе кон: Во ноември изминатата година, ЦЕФЕ Македонија спроведе тренинг за специјални едукатори од овие земји, кои потоа ја спроведуваа пилот програмата во своите заедници.Оваа програма е развиена во рамки на проектот „BeyondDigits: Co-productive Financial Education“, во партнерство со организации од Грција, Малта, Белгија, Австрија и Литванија, поддржана од програмата Ерасмус+ на Европска Унија. ЦЕФЕ Македонија е посветена на развој на иновативни образовни програми кои ги подобруваат вештините на учесниците, со цел да се зголеми независноста, вработливоста и успешноста во секој аспект на нивните животи.