Иницијативите и резултатите на ЦЕФЕ Македонија видливи за целиот свет

Сподели

Претходната седмица, матичната канцеларија на ЦЕФЕ Интернационал од Германија, до сите свои контакти низ целиот свет испрати ЦЕФЕ Панорама/2015 (http://cefe.net/sites/default/files/CEFE%20International%20Panorama%202015.pdf), односно преглед на активностите на ЦЕФЕ структурите низ целиот свет за изминатата 2015 година.

На 24та и 25та страна се најде новата иновативна иницијатива на Цефе Македонија, за првпат да се воспостави меѓуконтинентална соработка на 5 ЦЕФЕ партнерски организации од 4 континенти и заедно да работат на полето на вработување на младите во светот.  Во овај проект се вклучени партнерските организации на ЦЕФЕ од Чиле, Јамајка, Филипини, Германија и Македонија.

Благодариме на нашите партнери во овој проект за издржаноста и мотивираноста да работиме заедно на решавањето на проблемите со невработеноста на младите.

Поддршката што ја добивме за овај проект зборува за препознатливоста на квалитетот на ЦЕФЕ активностите низ целиот свет.