ЦЕФЕ Македонија одржа координативен состанок со својата мрежа на тренери, со цел размена на искуства, согледување на потребите и очекувањата на тренерите, како и идентификување идеи и можности за идна соработка. Предлозите и иницијативите од средбата ќе послужат како основа за подготовка на акцискиот план за следната година.
На состанокот се разговараше за досегашната соработка, искуствата и задоволството на тренерите од активностите на ЦЕФЕ Македонија. Особено нè радуваат позитивните повратни информации, кои претставуваат потврда за досегашната работа и дополнителна мотивација за понатамошен развој на мрежата.
Беа разменети и идеи за проширување на областите на делување, развој на нови иницијативи и зајакнување на соработката, со цел постигнување уште поголеми резултати и влијание.
Покрај дискусијата, на тренерите им беа презентирани и нови едукативни материјали и алатки развиени во рамки на два проекти во кои ЦЕФЕ Македонија учествуваше во изминатата година:
🔹 Beyond Digits – програма за обука, интерактивна видеоигра и мобилна апликација за финансиска писменост, приспособени на потребите на невродивергентните лица.
🔹 Family Matters – промотивни видеа, методи и практични алатки за работа со млади и нивните родители, насочени кон подобрување на меѓусебната комуникација, унапредување на менталното здравје и зајакнување на поддршката за младите.

Дополнително, беа претставени можностите за вклучување на тренерите во тематски работни групи (Think Tanks) во рамки на меѓународната CEFE мрежа. Ова претставува можност за професионален развој, меѓународно поврзување и размена на знаења, искуства и добри практики со колеги од други земји.
ЦЕФЕ мрежата на тренери во Македонија брои повеќе од 20 тренери, сертифицирани за претприемништво и бизнис вештини по „ЦЕФЕ“ методологија, и програмата „Финансиски игри“ за финансиска писменост.
Веруваме дека активната и поврзана мрежа на тренери е основа за создавање нови можности, квалитетни едукативни програми и поголемо општествено влијание.
Им благодариме на сите тренери за нивната посветеност, отвореноста и конструктивниот придонес. Продолжуваме заедно да ја развиваме CEFE мрежата и да создаваме нови можности за учење, соработка и напредок!


