Во рамки на Erasmus+ проектот Family Matters, партнерите од Естонија, Македонија, Турција, Малта и Италија продолжија со заедничка работа на развој, тестирање и унапредување на нови методи за младинска работа поврзани со семејните фактори кои влијаат врз младите.
За време на втората транснационална средба, која се одржа на 25 и 26 јуни 2026 во Вору, Естонија, партнерите разговараа за досегашната имплементација на алатките, мапирањето на методите кои веќе се пилотирани, како и за оние кои треба дополнително да се тестираат во следниот период. Посебен акцент беше ставен на споделувањето искуства од младинските работници, истражувачкиот процес и подготовката на следните проектни резултати.
Во следната фаза, проектот ќе продолжи со:
🔹 локално пилотирање и документирање на методите;
🔹 подготовка на академски апстракт и научна публикација;
🔹 рефлексивен семинар во Естонија во октомври;
🔹 методолошки семинари во партнерските земји;
🔹 меѓународни онлајн мини-курсеви за поширока публика;
🔹 дигитализација на материјалите и нивно споделување преку платформа за искуствено учење.
Оваа средба имаше и посебно симболично значење. Во рамки на настаните беше одбележана и прославата поврзана со докторските студии на тим лидерката Керли Коив од Универзитетот во Тарту, посветени на истражувањето на себе-насоченото учење. Сите партнери, преку своите истражувања, искуства и придонеси во рамки на проектите Family Matters и Self-Directed Learning, беа дел од поширокиот процес кој придонесе кон остварувањето на овој академски успех.
Бидејќи проектот носи име Family Matters, особено значајно беше и тоа што партнерите имаа можност да ја почувствуваат семејната и заедничката димензија на локалната култура во Естонија. За време на престојот, учествувавме и на отворен фестивал во Роуге, каде што многу домаќинства ги отворија своите домови и дворови за гости. Имавме можност да се запознаеме со локалните жители, да разговараме, да пробаме домашно подготвени специјалитети и да видиме како заедницата може да стане простор за учење, поврзување и меѓусебна поддршка.
Токму ваквите искуства ја покажуваат суштината на Family Matters: семејството не е само тема на проектот, туку и реален простор каде што се градат доверба, припадност, поддршка и развој.









