Започна проектот Family Matters – првиот партнерски состанок се одржа во Скопје

Сподели

Во периодот од 28 до 30 септември 2025 година, во хотелот Бест Вестерн во Скопје се одржа првиот состанок на партнерите во рамките на проектот „Family Matters“, кој ЦЕФЕ Македонија го реализира заедно со организации од Естонија, Италија, Турција и Малта.

На состанокот беа разгледани главните насоки за управување со проектот, планирањето на активностите и координацијата на истражувачкиот процес, кој е првата фаза од проектот. Тимовите од секоја земја моментално работат на истражување на добри практики, научни трудови и методологии што ја поврзуваат семејната поддршка со младинската работа.

Проектот „Family Matters“ (2025–2027) има за цел да го подобри квалитетот на младинската работа преку адаптација на пристапи и алатки од фамилијарната терапија, кои ќе им помогнат на младинските работници подобро да ги препознаат ризичните фактори што потекнуваат од семејната средина и да ги активираат ресурсите за поддршка на младите во нивните едукативни патишта и кариери.

Следниот настан во рамките на проектот ќе биде методолошкиот семинар за заеднички развој на програмата и услугите, кој ќе се одржи повторно во Битола, Македонија, во периодот од 1 до 7 декември 2025 година. На овој настан партнерите ќе соработуваат на развој на практични алатки и методи кои младинските работници ќе ги користат во својата секојдневна работа со младите.

Проектот „Family Matters“ се реализира во рамки на програмата Erasmus+, со вкупно времетраење од 18 месеци и е координиран од партнерите од Естонија.