Влијанието на ЦЕФЕ Македонија: Резултати, приказни и идни визии

Сподели

Во 2024 година, ЦЕФЕ Македонија спроведе сеопфатна анализа за да го измери вистинското влијание од својата работа во изминатата деценија (2014–2024). Истражувањето опфати учесници, соработници, ментори и обучувачи, а резултатите се јасен доказ за трансформацијата што ја поттикнуваме во претприемништвото и професионалниот развој во Македонија.

Клучни резултати од 10 години работа

  • Над 12.000 обучени учесници
  • Повеќе од 600 реализирани обуки
  • 12.000+ часа консултации и менторство

Овие бројки се само дел од приказната – зад нив стојат луѓе, нови бизниси, растечки заедници и инспиративни кариери.

Влијание врз учесниците и бизнисите

  • 77,7% од учесниците стекнале нови вештини
  • 47,6% го подобриле претприемничкото знаење
  • 41,3% ја подобриле способноста за работа на своите работни места
  • 38,4% ги прошириле професионалните мрежи

Во делот на бизнисот:

  • 82,8% поефикасно управуваат со своите бизниси
  • 10,7% започнале сопствен бизнис

Во однос на вработеноста:

  • 6,3% нашле подобра работа
  • 4,5% обезбедиле вработување

Длабински ефекти и препознатливост

  • 96,1% од учесниците потврдуваат дека активностите на ЦЕФЕ директно придонеле за нивниот професионален развој.
  • 89% од учесниците ги подобриле своите деловни вештини, а половина од нив пријавиле значително подобрување.
  • 21,5% ги зголемиле инвестициите, 19,2% ја зголемиле продажбата, а 17,7% ги прошириле своите бизниси.
  • 82,4% изградиле нови професионални контакти преку нашите програми.
  • 63,8% биле инспирирани да воведат иновативни решенија во својата работа.
  • 99,5% од учесниците би ги препорачале ЦЕФЕ програмите на други.

Што бараат учесниците?

Истражувањето покажа дека најголем интерес има за обуки во:

  • финансиски менаџмент (43,7%)
  • продажба и преговарање (41,8%)
  • лидерство и управување со тимови (37,9%)
  • бизнис стратегија, дигитален маркетинг, управување со семеен бизнис, меки вештини и ИТ знаења

Влијание врз соработниците и методологијата

  • 86,7% од соработниците се дел од ЦЕФЕ повеќе од една година, а 30% над 6 години.
  • 85% од нив истакнуваат дека вклученоста во ЦЕФЕ значајно го унапредила нивниот професионален развој.
  • Практичниот, искуствен пристап, интерактивните методи и алатките како Micro Business Games се препознаени како највредни за учење и развој.

ЦЕФЕ Македонија не е само едукативна платформа – тоа е заедница на луѓе кои споделуваат вредности, знаење и визија за претприемачко општество. Нашите обучувачи, ментори и проектни партнери се клучни двигатели на оваа мисија.

Посебно сме горди што токму оваа година ЦЕФЕ Македонија го прославува својот 17-ти роденден – уште еден доказ за нашата долгорочна посветеност, стабилност и влијание во развојот на претприемништвото и економијата во земјата. Ви благодариме што сте дел од нашата приказна и заеднички ги поставуваме темелите за уште поголеми успеси во годините што доаѓаат.

Целиот извештај за оцена на влијанието на активностите на ЦЕФЕ Македонија за периодот од 1014 до 2024, можете да го погледнете на следниот линк.