ЦЕФЕ Македонија е дел од Организацискиот комитет на Experiential Learning Congress 2025, кој ќе се одржи на 19-20 март 2025 година во Катовице, Полска!
Оваа година, конгресот ќе биде особено значаен, бидејќи меѓу учесниците ќе бидат Дејвид и Алис Колб, основачите на теоријата за искуствено учење. Овој глобален настан ќе обедини водечки истражувачи, обучувачи и експерти во полето на современите образовни методи.
Што може да очекувате од Конгресот?
✅ Длабинско знаење за најновите истражувања и најдобрите практики на искуственото учење во различни сектори низ светот.
✅ Нови контакти и соработки со професионалци кои ја делат истата страст за искуственото учење.
✅ Конкретни чекори за примена на стекнатите знаења во вашето професионално поле.
✅ Поголема мотивација и самодоверба за имплементација на искуственото учење во вашата работа.
Еден од говорниците на конгресот ќе биде и претседателот на ЦЕФЕ Македонија Јован Сталевски, кој што ќе одржи говор на темата “Промовирање на иновации и претприемништво преку искуствено учење: Проценка на влијанието на методологијата на ЦЕФЕ Македонија (2014–2024)“ Покрај него, свое излагање ќе има и Марлинде Баренз од ЦЕФЕ Интрнационал, како и искусни ЦЕФЕ тренери од Филипини, Мароко и Тајланд, кои ќе ги споделат своите перспективи и практични искуства.
Дополнително, ЦЕФЕ Македонија ќе биде дел и од завршната церемонија на Конгресот, каде ќе ги споделиме главните заклучоци и визии за иднината на искуственото учење.
Дознајте повеќе за Конгресот и за целата негова програма на следниот линк: https://www.experientiallearning.net/congress-2025

