Придонесот на ЦЕФЕ Македонија за општеството во 2024 година

Сподели

На почеток на годината рефлектираме што сме направиле и што сме придонеле во 2024 година за нашето општество. За таа цел може да го погледнете извештајот со настани и активности на ЦЕФЕ Македонија за 2024 година.

Сумирано во кратки црти:

  • Реализиравме 5 долгорочни и 14 краткорочни проекти во Македонија. Организиравме 77 настани за едукација на населението од различни области преку обуки, семинари, курсеви, конференции, студиски посети, и на нив вкупно учествувале 1372 лица.
  • Им помогнавме на 35 претприемачи да направат бизнис планови за своите идеи или постоечки бизниси.
  • Придонесовме за нови едукативни трудови и артикли од 5 области: туризам, образование 4.0, финансиска писменост, претприемништво и самопоттикнато учење.
  • Зајакнавме капацитети на 25 едукатори од мрежата на ЦЕФЕ обучувачи.
  • Инвестиравме во соработка со 10 македонски и 5 институции од Уганда во областа на едукацијата, претприемништвото и финансиите.
  • И се ова погоре за само 200.000 евра 🙂

Најважно е што преку ЦЕФЕ Македонија, 1472 лица имаа можност да се вмрежат, запознаат и соработуваат со луѓе од Естонија, Малта, Турција, Франција, Романија, Португалија, Албанија, Косово, Италија, Полска, Литванија, Бугарија, Грција, Белгија, Австрија, Ерменија, Грузија, Венецуела, Филипини, Бутан, Руанда, Танзанија, Уганда, како и од различни градови и цела на Македонија.