Младинска размена за одржлив туризам во областа Секлер

Сподели

Во периодот од 19.08.2024 до 27.08.2024 година во рамките на Erazmus + проектот “Youth exchange for Sustainable tourism in the Szekler area ” во малото гратче Кристуру Секуеск (Cristuru Secuiesc) во Романија учество зедоа учениците од СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип: Тео Тиков, Андреј Георгиевски, Илија Ризовски, Кристијан Гуњов, Теодора Филиповска и Петар Петров, водени од тим лидерот – професорот Стојан Хаџи-Николов. Заедно со 30 други учесници од Шпанија, Португалија, Естонија, Литванија и Романија тие реализираа многу активности:

  • меѓусебно запознавање, надежи, стравови и очекувања;
  • правење на тим и откривање на градот;
  • тимови за правење на видеа;
  • симулација на Европски парламент;
  • проблеми со кои се соочуваат тинејџерите и нивно решавање;
  • разгледување и слободно време во средновековниот град Сигишоара (Sighisoara), градот во кој е роден грофот Влад Цепеш Дракула и кој е под заштита на УНЕСКО;
  • power point презентација (претставување на својата земја Македонија, историјата, традициите и обичаите храна и пијалок );
  • презентација на видео теми од историја, туризам и обичаи;
  • бура на идеи за работилници-изработка на план за десиминација во училиштето и негово презентирање;
  • евалуација на Младинска размена и церемонија за доделување на сертификати Youthpass.

Голема благодарност до СОУ “Коле Нехтенин“ што се наши соработници и што им даваат можност на учениците да се вклучат во интернационални проекти, а со тоа да изградат интеркултурни вредности, толеранција, различни перспективи, да зборуваат на странски јазик, да стекнат пријателства со врсници или истомисленици од странство.