Бизнис средба во Штип

Сподели

Тимот на проектот „Зошто да одите во странство кога може да останете и да инвестирате во вашата земја“ денес (20.04.2015) одржа бизнис средба во Штип. Благодариме на American Corner Stip што беа одлични домаќини, фотографи, професионалци и организатори на средбата, како и на U.S. Embassy Macedonia кои го поддржаа овој проект. Пред учесниците се презентираа можностите за развој на претприемништвото во Македонија, како и презентација на видеото за филантропијата и донаторството во кое говори директорката на Konekt.

Благодариме и на учениците и професорите од САБА и СОУ Гимназија “Славчо Стојменски “-Штип што беа наши гости, како и до претставници на општина Штип, новинарите на Kanal 77, претприемачите и граѓаните на Штип. Сигурни сме дека за брзо ќе имаме и други иницијативи и активности во Штип и ќе јадеме пастрмајлии.

Видеото е дел од онлајн курсот кој ќе ја претставува Македонската претприемачка приказна во курсот Beyond Silicon Valley: Growing Entrepreneurship in Transitioning Economies.

За да ги погледнете фотографиите од настанот посетете ја нашата Фејсбук страна.