Во рамки на Глобалната Недела на Претприемништво, ЦЕФЕ Македонија организира сателит работилница – обука за користење на Канва дизајн алатката од страна на малите и микро бизниси.
Ве повикуваме да бидете дел од оваа обука и да го заокружите успехот на Вашиот нов бизнис со реклами кои можете самите да ги направите и да научите како да го рекламирате Вашиот продукт или услуга со дизајн во Ваша креација.
Со учество на оваа работилница добивате:
- Бесплатна обука за работа на алатка за дизајн на содржина за социјални медиуми.
- Вовед во online presence strategy
- Основни знаења за дизајнирање на постер.
- Како сами да креирате промотивни материјали (флаери, постери, покани итн.)
Работилницата ќе се одржи на 15.11.2018 година, од 16:00 до 20:00 часот во просториите на ЦЕФЕ Македонија со адреса „Партизански Одреди бр. 27/А/3“.
За учество на обуката ве молиме регистрирајте се на https://goo.gl/forms/UNF9Mo5pDqaN9xGp2 ,
Местата се ограничени, пријавете се што поскоро.

